10 факти што треба да ги знаете, зошто можат да ви го спасат животот

СПОДЕЛИ

Можеби нема секој ден да се соочите со ситуации во кои е загрозен вашиот живот, но доколку се случи такво нешто, дали би знаеле како да постапите?

Во најновото видео со наслов „10 факти што можат да ви го спасат животот, што секој треба да ги знае“, тимот на „Alltime 10s“, објаснува како да постапите во некои животно загрозувачки ситуации. Опфатени се ситуации кои се многу веројатни – како давењето и гушењето, но и малку ретки, како напад од ајкула.

10. Зафатот Хајмлих: Со оваа техника за прва помош се спречува гушењето предизвикано од страно тело во дишните патишта. Добро е да се научи, со оглед на тоа дека не само што ќе може да спасите нечиј живот, туку и сопствениот.

9. Напад од ајкула: Според „Alltime 10“, наместо да ја удирате во носот – што може уште повеќе да ја налути ајкулата, наместо да ја одврати, обидете се да ја удрите во очите.

8. Тест за бременост: Познато е дека овие тестови се ефикасни во предвидувањето на бременста, но, како што објаснува тимот на „Alltime 10“, тие можат исто така да детектираат и некои форми на рак на тестисите.

7. Давење: За жал, давењето се случува често. Сепак, многу луѓе не знаат дека фармерките можат да се одржувааат над вода и да пслужат како импровизирана направа за спасување.

6. Убодна рана: Не се обидувајте од телото да го извлечете предметот со кој сте прободени. Едноставно, тоа препуштете им го на стручните лица.

5. Пад од височина: Иако е ова е лесно да се каже, ама многу тешко да се направи, сепак ако се најдете во ситуација да почнете да паѓате, најдобро е да се опуштите, затоа што тоа  може да помогне да се минимизираат повредите на телото.

4. Црвени очи: Црвените очи на фотографиите не изгледат убаво, но доколку очите не се црвени, тоа би можело да биде знак за една ретка форма на рак на очите.

3. Кондоми: Не само што овозможуваат безбеден секс, кондомите може да послужат и како практични алатки за преживување, бидејќи можат да соберат и до три литри вода.

2. Автомобил што тоне: Ако се најдете во ваква ситуација, најважно е да останете присебни и како што се објаснува во видеото, најдобро е да го отворите прозорот и на тој начин да излезете од возилото.

1. Удар од струја: Доколку видите некој што го „удрила“ струја, а не може да го исклучи изворот на електричната енергија, обидете се да го удрите со тврд долг предмет кој не е проводник.

Подеталните објаснувања погледнете ги во видеото подолу.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ