10 најнеетички социјални експерименти

Љубопитноста е главната движечка сила кога се работи за експериментите во име на науката. Денеска експериментите мора да се изведуваат според Кодексот на однесување, кој ги опфаќа сите аспекти од согласност, доверливост па сѐ до севкупната корист од експериментот.

Меѓутоа, овие стандарди не биле секогаш олку високи. Во видеото со наслов „10 најсурови експерименти“ се опишани 10 највознемирувачки експерименти кои се вршени ширум светот, а кои денеска никако не би можеле да се случат.

Како возрасни, така и деца, па и животни биле дел од овие нечовечки експерименти извршени од неколку луди научници.

Во 1939 година психологот Вендел Џонсон од Универзитетот во Ајова ја  направил „Студијата чудовиште“ за пелтечење на 22 деца сирачиња. Децата биле поделени во две групи. Едната група била подложена на позитивна говорна терапија при што децата биле пофалувани за своите успеси, додека децата од другата група биле третирани лошо и за најмала направена грешка. Ефектите од експериментот кај децата од втората група биле ужасни. Тие назадувале во училиштето, станале плашливи и развиле пречки во говорот. Во 2007 година, на шест од овие деца им биле исплатени по 925.000 долари како оштета за доживотната психолошка штета.

Во периодот од 1970-тите до 1980-тите години, во ерата на апартхејдот, лицата кои биле сомнителни дека се хомосексуалци биле присилувани да извршат промена на полот, биле подложени на хемиска кастрација и електро шокови и други форми на неетички третмани од страна на  армијата на Јужна Африка, со цел да се излечат од нивната нелегална сексуалност. Проектот е познат како „Проектот одбивност“ .

Неизбежно, ова довело до психички нарушувања кај околу 900 лица кои биле подложени на овие интервенции во болниците на војската во Јужна Африка, во тој период. Пациентите биле напуштени и често не биле во можност да ги платат потребните лекарства за одржување на нивниот нов идентитет, што предизвикало некои од нив да извршат самоубиство.

Ниту животните не можеле да се спасат од лудиот научник  доктор Хари Харлоу и неговиот експеримент „бездна на очајот“. Харлоу во 1970 година вршел експерименти со младенчиња мајмуни за да ја проучува нивната друштвена интеракција и изолација. Тој ги одвојувал малите мајмунчиња кои биле поврзани со своите мајки и ги изолирал затворајќи ги во мали челини комори каде што немале контакт со ништо друго. Ги чувал затворени околу една година, што предизвикало непоправливи психички оштетувања кај повеќето мајмуни.

После една година, мајмуните биле вратени во групата, но таму биле малтретирани, а некои од нив самите се изгладнувале до смрт. Кога подоцна станале мајки оние кои биле подложени на експериментот, тие на своите потомци им ги гризале прстите или им ги кршеле главите. Овој експеимент на Харлоу не само што бил екстремно суров, туку не покажал ништо ново во врска со друштвените интеракции.

Погледнето го видеото со највознемирувачките социјални експерименти во 20-тиот век.

Поддржете ја нашата работа: