10 навики кои ни ги оштетуваат бубрезите

Еве неколку навики кои се штетни за здравјето на бубрезите и би требало да се избегнуваат.

1. Прекумерна употреба на аналгетици

За жал, луѓето многу често посенуваат по аналгетици и при најмала болка и покрај тоа што е познато дека тие можат да бидат штетни за одредени органи. Неодамнешните истражувања покажуваат дека долгорочната употреба на аналгетици го редуцира протокот на крв, со што се намалува капацитетот на бубрезите.

2. Голема количина на протеини во исхраната

Исхраната богата со протеини, во основа е здрава, но прекумернато конзумирање на храна богата со протеини и црвено месо може да ја оштети работата на бубрезите, со зголемување на метаболичкото оптеретување на бубреците.

3. Пушењето

Пушењето е штетно речиси за сите органи во телото, вклучувајќи ги и бубрезите, што е потврдено и со неколку истражувања.

4. Прекумерна употреба на сол

Една од функциите на бубрезите е и метаболизирање на натриумот. Поголемиот дел од натриумот што се внесува во телото треба да се исфрли. Бидејќи најголемата количина на натриум се внесува преку солта, конзумирањето на големи количини на сол дополнително ја оптоварува работата на бубрезите.

5. Занемарување на настинките и грипот

Навиката постојано да се занемарат настинките и грипот може да резултира со оштетување на бубрезите. Истражувањата покажуваат дека лицата кои не се одмараат доволно додека се болни имаат честа појава на бубрежни инфекции.

6. Конзумирање на премногу кофеин

Многу често кога сме жедни пиеме разни безалкохолни пијалоци наместо вода. Значителен број на овие пијалоци содржат кофеин, што може да го зголеми крвниот притисок. Зголемениот притисок остава траги врз работата на бубрезите и може да доведе до нивно оштетување.

7. Зголемено конзумирање на алкохол

Зголемената конзумација на алкохол може да биде исклучително штетна за бубрезите. Алкохолните пијалоци содржат токсини кои ги оптоваруваат и оштетуваат бубезите.

8. Несоница

За време на ноќниот одмор, ткивата се регенерираат, па затоа секогаш кога сонот е нарушен, се нарушува и обновувањето на ткивата, меѓу кои и на бубрезите.

9. Недоволно количество на вода

Недоволното дневно количество на испиена вода е едена од главните причини за оштетување на функцијата на бубрезите. Недоволната хидрираност на телото доведува до намалување на бубрежната филтрација и насобирање на отровите во крвотокот.

10. Долго време полна бешика

Долгото задржување на урината во бешиката може да биде причина за сериозни пореметување во функцијата на бубрезите и во крајна линија до доведе до дијализа.

Поддржете ја нашата работа: