Бутан е официјално познат како Кралството Бутан. Оваа континентална земја во јужна Азија е сместена во источниот крај на Хималаите и се граничи со Индија на југ, исток и запад и Кина на север.
До неодамна, Бутан се сметаше за една од најизолираните нации на светот, главно поради тоа што бутанската влада во голема мера ги регулира странските влијанија и туризмот, со цел да ги заштити идентитетот, културата и еко-системите на земјата.
Издвојуваме неколку интересни факти за ова мистериозно кралство на Хималаите.
1. Името Бутан може да потекнува од санскритскиот јазик
Името Бутан може да потекнува од санскритскиот збор „Bhutanta“ што значи „крај на Тибет или од „Bhu-uttan“ што значи „планински предел“. (извор)
2. Со површина од 38.394 километри квадратни, Бутан е една од најмалите земји на светот
3. Бутанскиот назив за земјата е „Druk Yul“ што значи „Земја на змејот-гром“
Според официјалниот јазик на Бутан – Ѕонгка, „Druk“ значи змеј, а громот се смета како гласот на змејовите. Змејот-гром е дел од бутанската митологија и исто така претставува и национален симбол на кралството. (извор)
4. Околу половина од населението на Бутан е на возраст од 17 години.
Според проценките на САД, сегашната популација на Бутан изнесува 781.952 жители. Тоа претставува само 0,01 процент од вкупното население во светот. Бутан има многу млада популација – просечната возраст на населението изнесува 27,2 години, а најмалку 50 проценти од луѓето се под 17 годишна возраст. (извор)
5. Кралот на Бутан носи круна со гавран
Кралот на Бутан носи круна со глава на гавран позната како „Dzongkha“. Гавранот го симболизира „Mahakala“ – богот заштитник на Бутан. Гавранот е исто така и национална птица на Бутан, која локално е позната како „Jaroq“. Порано убиството на гавран се сметало за кривично дело. (извор)
6. Во Бутан марихуаната расте на диво и е почеста отколку обичната трева
Поголемиот дел од населението не ја пушат марихуаната, туку ги хранат свињите со неа. Очигледно таа ги правела свињите уште погладни, така што тие јаделе повеќе, а тоа подоцна резултирало со вкусна сланина. (извор)
7. Највисоката точка во Бутан е Ганхар Пуенсум, која исто така е и највисоката неискачена планина на светот.
Оваа планина со своите 7.570 метри е 40-тиот највисок врв во светот. Изненадувачки, се’ уште никој не го искачил. Името на бутански значи „бел врв на три духовни браќа“. Планината се граничи со Тибет, а воедно претставува спорна територија бидејќи според кинеските мапи таа се наоѓа на границата, додека според други извори се наоѓа во Бутан. (извор)
8. Аеродромот Паро е единствениот меѓународен аеродром во Бутан и претставува еден од најпредизвикувачките места за пилотите.
Овој мал аеродром се наоѓа меѓу стрмните ридови на Хималаите и полетувањето и слетувањето од тука се сметаат за многу опасни. Всушност, моментално само осум пилоти во светот се сертифицирани за да слетаат овде. (извор)
9. Бутан е единствената земја во светот каде што целосно е забрането одгледување и производство на тутун и производи од тутун
Бутан го забрани одгледувањето, производството и продажбата на тутун со Законот за контрола на тутунот во 2010 година. Секое лице што ќе се фати како продава тутун ќе лежи во затвор од 3 до 5 години. Пушењето е забрането во сите комерцијални места, но по силни протести владата дозволи купување и користење на тутун за лична употреба, но со услов лицето да приложи потврда за увозни давачки. Во спротивно следи парична казна или затвор. (извор)
10. Бутан е единствената земја во светот која апсорбира повеќе јаглероден диоксид отколку што произведува
Бутан беше поздравена како една од најзелените земји во светот. Бутан е јаглеродно неутрален и е единствената земја во светот што официјално е апсорбент на јаглерод – односно што апсорбира повеќе јаглероден диоксид отколку што произведува. Земјата произведува 1,5 милиони тони јаглерод годишно, а нејзините шуми апсорбираат 6 милиони годишни. (извор).