12-те најголеми нуклеарни детонации во историјата

СПОДЕЛИ

Од првата проба на нуклеарно оружје на 15 јули 1945 година, имало повеќе од 2.051 други нуклеарни тестирања низ целиот свет.

Ниту една друга сила што човештвото ја има произведено нема толкава апсолутно деструктивна моќ како нуклеарното оружје. И ова оружје многу брзо стана се помоќно во децениите по тоа прво тестирање.

Уредите тестирани во 1945–тата година имале експлозивна сила од 20.000 тони ТНТ. Во рок од 20 години САД и СССР тестирале нуклеарно оружје поголемо од 10 мегатони или 10 милиони тони ТНТ. Во размер, овие оружја биле најмалку 500 пати силни како и првата атомска бомба.

За најголемите нуклеарни експлозии во историјата да се подредат на скала по големина, ја користиме „Alex Wellerstein’s Nukemap“ алатката за визуелизација на застрашувачкото влијание на една нуклеарна експлозија во реалниот свет.

Во следните мапи, првиот прстен на експлозијата е огнената топка, проследена со радиусот на радијација. Во розевиот радиус, речиси сите градби се уништени и смртната стапка е 100 проценти. Во сивиот радиус, посилните градби ќе ја издржат експлозијата, но повредите се речиси универзални. Во портокаловиот радиус, луѓето ќе страдаат од изгореници на кожата од трет степен, и запаливите материите ќе бидат зафатени од оганот, што би довело до огромни пожари.

12. Советските тестови #158 и #168

11

 

На 25-ти август и 19-ти септември 1962 година, на помалку од еден месец разлика, СССР ги спровела нуклеарните тестови #158 и #168.

И двете биле во регионот Нова Земја во Русија, архипелаг во северниот дел на Русија, во близина на Арктичкиот Океан.

Не се ослободени никакви снимки или фотографии од овие тестирања, но и двете вклучувале употреба на 10 мегатонски атомски бомби.

Овие експлозии би согореле се што е во радиус на 4,58 квадратни километри од нивниот епицентар, додека би предизвикале изгореници од трет степен до 2823 квадратни километри.

11. Ајви Мајк

10

На 1 ноември 1952 година, САД ја тестираше Ајви Мајк на Маршалските Острови. Ајви Мајк беше првата светска хидрогенска бомба со принос од 10,4 мегатони,односно 700 пати силна како првата атомска бомба.

Детонацијата на Ајви Мајк беше толку моќна што островот „ Elugelab“ на кој беше детонирана исчезна, оставајќи кратер длабок 50 метри. Облакот во вид на печурка од експлозијата патувал 48 километри во атмосферата.

10. Замокот Ромео

9

Ромео беше втората американска нуклеарна детонација во серијата на тестови „Замок“ спроведени во 1954–тата година.

Ромео биол првиот уред тестиран на брод на отворено море наместо на гребен, бидејќи САД брзо снемувал острови за тестирање на нуклеарно оружје.

Експлозијата би согорела се во радиус од 3 квадратни километри.

9. Советски тест #123

8

На 23 октомври 1961 година, Советските сили спровеле нуклеарен тест над Нова Земја каде користеле 12,5 мегатонска нуклеарна бомба.

Бомба со оваа големина би изгорела се што е во радиус од 5.46 квадратни км и би предизвикала изгореници од трет степен на површина од 3390.294 квадратни км.

Од овој тест не биле ослободени никакви снимки ни фотографии.

8. Замокот Јенки

7

Јенки е вториот најсилен тест во серијата „Замок“, спроведен на 4–ти мај 1954 година. Бомбата била 13,5 мегатони.

Четири дена подоцна, неговите последици достигнале до Мексико Сити, околу 11.426 километри далеку.

7. Замокот Браво

6

Замокот Браво, детониран на 28 септември 1954 година, е првиот од серијата на тестови „Замок“ и е најголемата нуклеарна експлозија на сите времиња.

Браво била предвидена како 6-мегатонска ксплозија, но наместо тоа експлозијата произвела 15 мегатонска фисија. Нејзиниот облак во форма на печурка достигнал 35 метри во воздухот.

Оваа грешка во пресметувањето на американската војска резултирала со ирадијација на околу 665 жители на Маршалските острови и смрт од труење со радијација на еден јапонски рибар на 129 км одалеченост од детонацијата.

6. 5. 4. Советски тестови #173, #174 и #147

5

Од 5 август до 27 септември, 1962 година. СССР спроведувале серија на нуклеарни тестови во Нова Земја. Овие се издвојуват како петата, четвртата и третата најсилна нуклеарна експлозија во историјата.

Сите три произвеле експлозија од 20 мегатони, со сила на горење во радиус од 5 квадратни км.

Не се ослободени никакви снимки ни фотографии од овие нуклеарни тестови.

3. Советски тест #219

2

На 24-ти декември, 1962 година, ова тестирање било спроведено од страна на СССР во Нова Земја. Бомбата имала принос од 24,2 мегатони.

Бомба со ваква сила би изгорела се што е во радиус на 9 квадратни км, додека предизвикува изгореници од трет степен на површина од 5827 квадратни км.

Нема објавено снимки ни фотографии од оваа експлозија.

2. Цар-Бомба

1

На 30-ти октомври 1961 година, СССР го активирала најголемото нуклеарно оружје некогаш тестирано и ја создала најголемата вештачка експлозија во историјата.

Експлозијата, 3.000 пати силна како бомбата во Хирошима, кршела прозорци на одалеченост од 900 километри, а блесокот светлина од експлозијата бил видлив и до 1.000 км одалеченост.

Царот Бомба, како што на крај било наречено ова тестирање, имал принос помеѓу 50 до 58 мегатони, двапати повеќе од втората по големина нуклеарна експлозија.

Бомба од оваа големина ви создала огнена топка голема 10 квадратни кми и би предизвикала изгореници од трет степен кај луѓето на одалеченост од 6.566 квадратни км од епицентарот.

1. Првата атомска бомба

1-1

Првата атомска бомба, била само еден дел од големината на Царот Бомба, но сепак била експлозија со речиси незамислива големина.

Според „NukeMap“ оружје со принос од 20-килотони прдизвикува огнена топка со радиус од 260 метри, или со големина на 5 фудбалски игралишта.

Би предизвикала смртоносна радијација на површина од 11 км во ширина, и изгореници од трет степен на 19 км во ширина.

Првата атомска бомба била малечка според стандардите за нуклеарно оружје. Но, нејзиниот праг на деструктивност речиси е невозможен да се сфати.

Оваа статија првично е објавена во „Business Insider“.

Дискусија

Коментари