15 најсмртоносни животни на Земјата

Најголемиот број смртни случаи поврзани со животните, всушност не се предизвикани од самите животни, туку од болестите што тие ги пренесуваат.

Ви претставуваме неколку животни кои се причина за најмногу смртни случаи кај луѓето. Најголемите предатори не се и најголемите убијци на човекот – ама затоа не треба да ги потценуваме малите. 

15. Ајкули: 6 смртни случаи годишно

15

Нападите од ајкули се прилично ретки. Во 2014 година имало четири смртни случаи од напад од ајкула, а во 2015 година шест, што всушност го претставува просекот.

14. Волци: 10 смртни случаи годишно

14

Нападите од волци, во деловите од светот каде што тие живеат, не се многу чести.

Според еден преглед, во период од 50 години се случиле многу малку напади од волци во Европа и Северна Америка. Иако има неколку стотици пријавени случаи во период од две децении во некои региони во Индија, просечниот број на смртни случаи годишно изнесува 10.

13. Лав: 22 смртни случаи годишно

13

Проценките за смртни случаи предизвикани од напади од лавови варираат од година во година. Според едно истражување од 2005 година, во 1990 година, 563 луѓе настрадале од лавови само во Танзанија. Просекот изнесува 22 лица годишно. Веројатно има и други смртни случаи надвор од Танзанија, но е тешко да се најде конкретна, глобална бројка.

12. Слонови: 500 смртни случаи годишно

12

И слоновите убиваат голем број луѓе. Според еден напис на „National Geographic“ од 2005 година, 500 луѓе годишно умираат како последица на напади од слонови.

Сепак, многу повеќе слонови се убиени од луѓе.

11. Нилски коњ: 500 смртни случаи годишно

11

Долго време нилските коњи се сметаа за најсмртоносни животни во Африка. Познато е дека нилските коњи се агресивни кон луѓето, и дека превртуваат бродчиња.

10. Тенија : 700 смртни случаи годишно

10

Тениите предизвикуваат волеста цистицеркоза, која се проценува дека убива околу 700 луѓе годишно.

9. Крокодили: 1.000 смртни случаи годишно

9

Според Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите нации, денеска се смета  дека – од големите животни, крокодилите убиваат најмногу луѓе во Африка, иако е тешко да се соберат конкретни бројки.

8. Паразитски цевчести црви: 4.500 смртни случаи годишно

8

Според една студија од 2013 година, од болеста аскаридоза, што ја предизвикуваат паразитски цевчести црви, умираат околу 4 500 луѓе годишно.

СЗО наведува дека инфекцијата се одвива во тенкото црево и дека болеста повеќе ги зафаќа децата од возрасните.

7. Цеце муви: 10.000 смртни случаи годишно

7

Цеце мувата е преносител на паразите што ја предизвикува болеста на спиење, која во почетокот се манифестира со главоболка, треска, болка во зглобовите и чешање, но подоцна може да доведе до многу сериозни невролошки проблеми. Се проценува дека годишно убива околу 10.000 луѓе, но бројот е во опаѓање.

6. Тропска стеница: 12.000 смртни случаи годишно

6

Тропската стеница ја пренесува Шагасовата болест, која убива просечно 12.000 луѓе годишно.

5. Слатководни полжави: повеќе од 20.000 смртни случаи годишно

5

Слатководните полжави пренесуваат паразит кој ја предизвикува болеста позната како шистозомијаза. Болеста може да предизвика интензивни стомачни болки и крв во столицата и урината, во зависност од областа која е зафатена.

Милиони луѓе се заразуваат со оваа болест и според проценките од СЗО, помеѓу 20.000 и 200.000 смртни случаи може да и се припишат на оваа болест.

4. Кучиња: 35.000 смртни случаи годишно

4

Кучињата – конкретно, кучињата заразени со беснило се едни од најсмртоносните животни, иако беснилото може да се превенира преку вакцинација.

Според СЗО од беснило умираат околу 35.000 луѓе, а во 99 проценти од нив, причина се кучиња.

3. Змии: 100 000 смртни случаи годишно

3

Змиите убиваат околу 100.000 луѓе годишно. Што е уште полошо, има недостаток од  есенцјален противотров.

2. Човекот: 437.000 убиства годишно

2

Според Канцаларијата за дрога и криминал на Обединетите нации, во 2012 година се случиле 437.000 убиства, што го прави човекот второ најсмртоносно суштество (и најсмртоносен цицач).

Сѐ уште не сме си најголем непријател на самите себе – но многу сме блиску!

1. Комарци: 750.000 смртни случаи годишно

1

Комарците, кои со крвта што ја цицаат се преносители на бактерии и вируси од еден човек на друг, се причина за најголем број од смртните случаи што се поврзани со животните.

Само маларијата е причина за повеќе од половина од смртните случаи поврзани со комарците, главно во суб-сахарска Африка, иако бројот е во опаѓање. Според СЗО, бројот на заболени од маларија се намалил за 37 проценти помеѓу 2000 и 2015 година.

Денга треската, уште една болест што ја пренесуваат комарците, стана водечка причина за хоспитализација на децата во некои азиски и латиноамерикански земји.

Текстот е објавен во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: