18 годишна девојка развива апликација за тестирање на водата која би можела да го промени светот

Шерон Лин е 18-годишна девојка која освен што студира на еден од најпрестижните технилошки универзитети на светот, МИТ, работела и на развој на апликација за Android за американскиот State Department, освоила награда за млади поети во Њу Јорк и веќе е директор на компанија.

Оваа недела освои и парична награда од 10 000 долари како дел од годинешниот натпревар #BuiltByGirls за стартапи. Наградата ја добила како финансиска поддршка за развој на апликацијата која во неразвиените земји ќе овозможи ефтино откривање дали залихите на вода се контаминирани со штетни бактерии.

Целта на натпреварот е промоција на жените во технолошкиот сектор, а освен парични награди, нудат менторство за млади девојки и можност за практиканска работа во реномирани технолошки компании.

Лин победила помеѓу 5те финалисти од избраните 450 пристигнати пријави. Презентирајќи ја својата апликација, демонстрирала како се одвива микробиолошката анализа базирана на фотографии. Апликацијата не е уште развиена до крај, треба да се пополни базата на податоци, а она што е посебно интересно е дека апликацијата не не наменета само за научници, туку ќе може да ја користи секој кој сака да го тестира квалитетот на водата.

“Оваа награда ми даде голема самодоверба, потврди дека има луѓе кои се загрижени за загадувањето и дека постои вистински интерес за развој на софтверски решенија за земјите во развој”, вели Лин.

Поддржете ја нашата работа: