20 метарско морско суштество пронајдено во Индонезија

Необично морско суштество, долго дури 22 метри забележано е на брегот на индонезиската провинција Мулаку. Прилично застрашувачката сцена ја забележал тамошниот жител Арсул Туанакота, кој најпрво помислил дека станува збор за потонат брод.

Како што се приближувало, сфатил дека станува збор за мртво животно кое лебди на површината на водата, додека зад него оставало траги од крв. Жителите останале збунети, а научниците велат дека станува збор за гигантна лигња.

Се верува дека суштеството било мртво три дена пред да биде пронајдено.

Поддржете ја нашата работа: