2016 е најтоплата година во историјата

Температурите на површината на Земјата во 2016-та година се најтоплите од кога започнала модерната евиденција од 1880г, според независните анализи од страна на НАСА и Националната океанска и атмосферска администрација („NOAA“).

На глобално ниво, просечните температури во 2016-та биле за 0,99 степени Целзиусови потопли од средината на 20-тиот век. Ова ја прави 2016 трета година по ред која поставува нов рекорд за глобална просечна температура на површината.

Долгорочниот тренд на затоплување на нашата планета може да се види на овој дијаграм на сликата за годишниот температурен циклус за секоја година почнувајќи од 1880-тата до денес, во споредба со просечната температура од 1880г. до 2015-тата. Рекордно топлите години се наведени во колоната на десната страна.

170118112554_1_900x600

Бидејќи локациите на метеоролошките станици и практики на мерења се променуваат со текот на времето, постојат несигурности во толкувањето на некои разлики во одредени глобално просечни температури во некои години. Сепак, дури и ако се земе и ова предвид, НАСА проценува дека 2016-та година е најтопла година со повеќе од 95 проценти сигурност.

„2016-та е третата рекордна година по ред во оваа серија. Ние не очекуваме рекорд секоја година, но доволно е јасен долгорочниот тренд на затоплување што се случува во моментов“ – изјавува Гевин Шмид, директорот на „GISS“.

Просечната темпертатура на површината на Земјата се зголемила за 1,1 степени Целзиузови од крајот на 19-тиот век, промена која главно се должи на зголемувањето на емисиите на јаглерод диоксид и други гасови во атмосферата, произведени од човекот .

Најголемиот дел од затоплувањето се случило во изминатите 35 години, од кои 16 години од вкупно 17-те најтопли рекордни години се случиле почнувајќи од 2001. Не само што 2016-та е најтопла година досега, туку и 8 од вкупно 12-те месеци, од јануари до септември, со исклучок на јуни, се рекордно најпоплите месеци досега. Октомври, ноември и декември 2016г. се втори по ред најтопли месеци, по рекордните од 2015-тата година.

Временската динамика често влијае врз регионалните температури, па не секој регион на Земјата имал рекордни просечни температури изминатата година. На пример, за соседните 48 држави во САД, 2016-та била втора по ред најтопла година, додека пак за Арктикот е најтопла досега, во согласност со рекордното ниско ниво на мраз во поголемиот дел од годината.

Анализите на НАСА вклучуваат мерења на температурата на површината од 6.300 метеоролошки станици, опсервации од копно и на бродови за температурите на површината на водата и истражувачки станици на Антарктикот.

Сите податоци за температурата на површината во 2016-тата година и целата методологија која се користела за да се направи пресметкатата на температурата се достапни на: http://data.giss.nasa.gov/gistemp

Поддржете ја нашата работа: