25 највпечатливи фотографии на Земјата од вселената

Кога луѓето и роботите се лансираат во вселената, традиција е накратко да се завртат кон Земјата и да направат фотографии.

Овие слики од нашата планета – снимени од стотитици, илјадници па дури и милиони километри оддалеченост, често пати со застарени камери, ретко се така живописни како сликите направени со нашите денешни паметни телефони. Но, извонредната перспектива што тие ни ја овозможуваат ги компензира сите можни визуелни недостатоци.

Фотографиите што ја прикажуваат Земјата, направени од вселената, не само што им овозможуваат на научниците да разберат како изгледа нашиот дом погледнат од далечина и им помага во потрагата по други планети погодни за живот, туку се и потсетник на суровата вистина дека живееме на мала, кревка карпа, целосно изгубена во вселенската празнина.

Ова се 25-те највпечатливи слики од Земјата и Месечината снимени од вселената, што човештвото некогаш ги направило.

1

Датум: 9-ти Април 2015 година

НАСА и Националната океанска и атмосферска управа на САД (NOAA), ја направија оваа композиција од сликите снимени од метеоролошкиот сателит „Suomi NPP“, кој орбитира околу Земјата 14 пати на ден. Горе десно, може да се види тропскиот циклон Јоалане, во Индискиот Океан.

Извор: НАСА

2

Датум: 9 –ти Март 2016 година

Сателитот „DSCOVR“ на НАСА, кој орбитира на оддалеченост од 1,6 милиони километри, секогаш гледа на сончевата страна од нашата планета. Ова му овозможува да направи 13 слики од сенката на Месечината додека поминува преку Земјата за време на целосното затемнување на Сонцето во 2016 година.

Заедно тие ја сочинуваат една од најкомплетните слики што досега се направени.

Извор: НАСА

3

Датум: 12-ти ноември 2009 година

За да се сретне со кометата 67P/Чурјумов-Герасименко во 2007 година, на која ќе се урне (на 30 септември 2016), на леталото Розета му требаше зголемување на брзината со помош на земјината гравитација. Оваа фотографија од Земјата што ја направи леталото го покажува Јужниот пол и Антарктикот осветлени од Сонцето.

Извор: „ESA

4Датум: 7–ми декември 1972 година

Екипажот на последната човечка мисија на Месечината – Аполо 17, ја направи една од најчесто копираните слики во историјата – „сината џамлија“. Сликата е направена на оддалеченост од околу 45.000 км, на патот кон Месечината (иако не се знае точно кој астронаут ја направил).

Во горниот лев агол на сликата може да се забележи Африка, а во долниот дел Антарктикот.

Извор: НАСА

5Датум: 20-ти јули 1969 година

Сликата на која се гледа Африка е снимена од 158.000 км далечина од страна на астронаутите Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Баз Олдрин, при нивниот пат кон Месечината.

Извор: НАСА

SnoopyGoldenGossamerwingedbutterfly-size restrictedДатум: 16-ти јули 2015 година

Два пати годишно Месечината поминува помеѓу „DSCOVR“ и Земјата, при што се добива редок поглед на „темната страна“ од нашиот сателит. Оваа серија од слики е направена помеѓу 15:50 и 20:45 според источното стандардно време.

Извор: НАСА

7Датум: 24-ти декември 1968 година

Познатата слика „Earthrise“ на НАСА, е снимена од астронаутите на Аполо 8 – Френк Борман, Џим Ловел и Вилијам Андерс, за време на нивната обиколка околу Месечината. При своето јавување на Земјата, Ловел ќе каже: „Огромното пространство влева стравопочит и ве тера да сфатите што имате долу на Земјата“.

Извор: НАСА

8Датум: 12 октомври 2015 година

Лунарниот реконесанс орбитер (LRO) на НАСА, лансиран во 2009 година има задача да врши мапирање на површината на Месечината, но во еден момент тој ја направи оваа модерна верзија на „Earthrise“ сликата.

Извор: НАСА, „Business Insider“

9Датум: 23-ти август 1966 година

Во 2008 година, проектот „LOIRP“ (Lunar Orbiter Image Recovery Project), ја издаде оваа слика во висока резолуција од Лунарниот орбитер -1, на Земјата снимена од Месечината, што била направена на 23-ти август 1966 година.

Лунарниот орбитер-1 ја направил ова слика додека бил во потрага по место за слетување на астронаутите.

Бидејќи технологијата во 1966 не може да ја долови целосната длабочина на податоците од сликите што НАСА ги снимила на аналогни ленти, со проектот „LOIRP“, НАСА неодамна ја направи оваа обновена верзија на познатата слика.

Во својата целосна големина, оваа верзија е доволно голема да може да се испечати на билборд.

Извор: НАСА/ „LOIRP“

10Датум: 21-ри јули 1969 година

Ова е лунарниот модул „Eagle“ на Аполо -11, кога се враќа од површината на Месечината. Снимена е од Мајкл Колинс, член на екипажот на Аполо-11.

Извор: НАСА

11Датум: 29-ти октомври 2014 година

Ова е ретка слика од далечната страна на Месечината, направена од кинеската лунарна сонда. Кина прерасна во извонредно голема сила способна да го истражува Сончевиот систем, заедно со НАСА, ЕВА, Русија и Индија. Следната кинеска мисија на Месечината е со цел да се донесат примероци од почвата во 2017 година, и ако биде успешна, тоа ќе бидат првите собрани примероци после Аполо мисиите од 1970-тите.

Извор: НАСА, „The Planetary Society“

PerfectDisgustingKentrosaurus-size restrictedДатум: мај 1969 година

Ова видео е направено од страна на астронаутите Томас Стафорд, Џон Јанг, и Јуџин Кернан, за време на втората човечка мисија на Месечината – Аполо-10, која во основа била тест-мисија за Аполо-11 (без слетувањето).

Бидејќи од нашата планета секогаш се гледа истата страна од Месечината, ваков поглед („Earthrise“) може да се добие само кога леталото се движи.

Извор: НАСА

13Датум: 1994 година

Леталото  „Климентина“ било лансирана на 24 јануари 1994 година, како дел од заедничкиот проект на НАСА и Иницијативата за стратешка одбрана (популарно позната како и „Војна на ѕвездите“).Оваа слика од Земјата, погледната од северниот пол на Месечината е направена пред леталото да „избега“ од контрола на 7-ми мај 1994 година.

Извор: „NASA GSFC

14Датум: 3-ти ноември 1973 година

Оваа е комбинација од две слики (од Земјата и Месечината), направени од леталото Маринер 10 на НАСА, кое патувало до Меркур, Венера и Месечината, откако било лансирано од пренаменета интерконтинентална балистичка ракета.

Извор: НАСА

15Датум: 16-ти декември 1992 година

Ова слика е направена од сондата Галилео на НАСА која била наменета за проучување на Јупитер и неговите месечини, на оддалеченост од 6,3 милиони километри.

Извор: НАСА

16Датум: 23-ти јануари 1998 година

Леталото „NEAR“ на НАСА ја има направено оваа слика на која се гледаат Земјата и Месечина на оддалеченост од 402.000 км. На јужниот пол се забележува Антарткикот

Извор: „NASA APOD

17Датум: 18-ти септември 1977 година

Повеќето слики на кои се гледаат Земјата и Месечината фактички се композиција од две слики, бидејќи тие се многу оддлечени една од друга.

Меѓутоа, ова е првата фотографија на која се гледаат двата света во една слика. Направена е од Војаџер-1, на оддалеченост од 11.660.000 км, за време на неговата „голема обиколка“ на Сончевиот систем.

Извор: НАСА

18Датум: 3-ти јули 2003 година

Оваа слика е направена од леталото Марс Експрес, за време на неговиот пат до Црвената планета на оддалеченост од речиси 5 милиони милји. Марс Експрес орбитира околу Марс и ја слика неговата површина во 3Д од декември 2003 година.

Извор: „NASA, „ESA

19Датум: 19-ти април 2001 година

Оваа инфрацрвена слика што е направена од 3,5 милиони километри оддалеченост, го покажува огромното растојание помеѓу Земјата и Месечината (385.000 км). Сликата е забележена од леталото „Mars Odyssey“, за време на неговиот пат кон Црвената планета.

Извор: НАСА

20Датум: 26-ти август 2011 година

Земјата и Месечината изгледаат неверојатно мали на оваа слика направена од 9,6 милиони километри оддалеченост. Фотографијата е снимена од леталото Џуно на 26 август 2011.

Леталото Џуно на НАСА ја направи оваа фотографија (и уште многу други) за време на неговото речиси пет годишно патување до Јупитер, каде што го документира овој гасен џин, на начин на кој научниците претходно можеа само да го сонуваат.

Извор: НАСА, „Business Insider“

21Датум: 9-ти март 2004 година

После два месеци од слетувањето на Марс, роверот „Spirit“ ја има снимено ова фотографија на која Земјата изгледа како мала точка. НАСА вели дека „ова е првата слика од Земјата која е направена од површината на планета која се наоѓа позади Месечината“.

Снимката е направена од приближно  259 милиони километри оддалеченост.

Извор: НАСА

22Датум: 15-ти септември 2006 година

Леталото Касини на НАСА сними 165 фотографии од сенката на Сатурн за да се направи овој мозаик со позадинско осветлување од овој гасен џин

Сосем случајно, Земјата е скриена на сликата, лево. Иако изгледа како мала точка во прстените на Сатурн, нашиот светот е всушност оддалечен 1.493 милиони километри.

Извор: НАСА

23Датум: 14-ти февруари 1990 година

Фотографијата „бледата сина точка“ е снимена од Војаџер -1 на оддалеченост од приближно 6,4 милијарди километри. Таа е дел од серијата „Семеен портрет“ на кој се прикажани сите планети од Сончевиот систем.

Извор: НАСА

SereneKindBug-size restrictedДатум: 5-ти април 2008 година

Јапоското вселенско летало „SELENE“, познато уште и како „Kaguya“, го направи ова видео кога Земјата се издига над Месечината, забрзана за 1000 проценти, на 40-годишнината од фотографијата „Earthrise“ на Аполо-8.

Извор: „NASA APOD“, „JAXA“, „YouTube“

Текстот е објавен во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: