СПОДЕЛИ

Научниците открија исклучително редок вид на галаксија која се наоѓа на околу 359 милиони светлосни години од Земјата, единствена кружна структура која досега не е идентификувана.

Галаксијата, наречена „PGC 1000714“, на пример е прстенеста галаксија во која надворешниот круг на млади ѕвезди го опкружува старото галактичко јадро.

Сепак, кога ке се погледне подетално, „PGC 1000714“ открива дека јадрото не се наоѓа само во средината на едниот, туку дури во двата прстена на ѕвезди, и ова е прв пат астрономите да наидат на таков феномен.

Најчестите видови на галаксии се главно во форма на диск, а ѕвездите се или во спирална формација, како што е Млечниот пат, или во елипсовидна форма.

Постојат и други видови на галаксии, вклучувајќи ги прстенестите галаксии, од кои најпознат пример е Хоаговиот објект, кој во 1950 година го откри астрономот Артур Хоаг.

hoag
За разлика галаксиите во форма на диск, ѕвездите во прстенестите галаксии се поделени на два дела – еден прстен од млади сини ѕвезди, кои сјаат од надворешната страна и добро дефинирано јадро од постари, помалку светли ѕвезди во средината.

Прстенестите галаксии се сами по себе ретки, па кога научниците увиделе дека галаксијата „PGC 1000714“ поседува два прстени со ѕвезди, сфатиле дека откриле нешто многу посебно.
“Тоа беше како да пронајдете снежен леопард или некое друго ретко и необично животно“, вели астрофизичарот Патрик Треутхард, од музејот на природни науки “Ешли Стрикленд“ во Северна Каролина.

Треутхард и колегите ја анализирале галаксијата во опсерваторијата Лас Кампањас во Чиле и утврдиле дека надворешниот прстен од сини ѕвезди е стар околу 130 милиони години, додека внатрешното црвено јадро е многу постаро, околу 5.5 милијарди години.

slika2Но, во текот на истрагата, тие успеале да пронајдат докази на дополнителен прстен од ѕвезди, во внатрешноста на надворешниот прстен од млади сини ѕвезди. При понатамошна анализа, тие откриваат секундарна структура, која Треутхатд ја нарекува “постар дифузионо црвен внатрешен прстен,“ каде ѕвездите се многу постари од блиските млади ѕвезди од надворешниот прстен.

“Разликата во боите на внатрешниот и надворешниот прстен, укажува на тоа дека оваа галаксија доживеала два одвоедни периоди на формирање,“ објаснува Бурчин Мутлу-Пакдил, од универзитетот Дулут во Минесота.

“Од тие почетни, поединечни формации, невозможно е да се дознае како настанеле прстените во оваа одредена галаксија.“

Тимот научници смета дека е можно надворешниот прстен во себе да припоил делови од галаксии кои некогаш постоеле во близина. Но е исто така нејасно колку долго ќе постојат тие прстени воопшто. Доколку не би постоеле релативно долго во таков облик, тоа би можело да објасни зошто таквите галаксии се ретко видени.

Иако се’ уште не знаеме доволно за галаксијата „PGC 1000714“ и општо за прстенестите галаксии, пронаоѓањето на ѕвездени ситеми кои не се вклопуваат во стандарните рамки, се извонредно битни за понатамошното откривање на вселената.

Дискусија

Коментари