340 милиони евра за blockchain проекти во ЕУ

Европската комисија, со поддршка на Европскиот парламент, кој го претставуваше Jakob von Weizsäcker, одговорен за изготвување на неодамна објавениот извештај за виртуелните валути, формираше опсерваторија и форум на ЕУ за blockchain.

На 8ми март, Европската комисија претстави акционен план за користење на можностите кои обезбедуваат иновации засновани на технологијата во областа на финансиските услуги, во чиј склоп е основана опсерваторија.

Според овој план, Европа треба да стане глобален центар за финансиската технологија (fintech) во која компаниите и инвеститорите од Европа ќе можат да ги користат предностите на единствениот пазар во тој сектор кој се развива со светлосна брзина.

Опсерваторијата и форумот на ЕУ за blockchain ќе ги истакне главнит случувања во областа на blockchain технологијата, промовирајќи ги европските субјекти на европско ниво преку вклучување на голем број засегнати страни во истата.

Технологијата Blockchain чии информациски блокови се потхрануваат на начин така што се распоредени низ мрежата, се сметаат за голем напредок, бидејќи тие придонесуваат за поголема безбедност на економските трансакции на интернет. Се очекува тие да влијаат врз дигиталните услуги и да ги променат деловните модели во голем број области, како што се здравството, осигурувањето, финансиите, енергијата, логистиката, управувањето со правата на интелектуална сопственост или јавните услуги.

Европската комисија од 2013 година финансира blockchain проекти преку истражувачки проекти на ЕУ до 2013 година, како што е Седмата рамковна програма за истражување и технолошки развој (ФП7) и Horizon 2020. До 2020 година ќе обезбедат финансиски средства во износ до 340 милиони евра за проекти кои ќе се базираат на блокчејн технологијата.

Европските иноватори и претприемачи веќе нудат решенија базирани на блокчејн. Главните субјекти од традиционалните сектори како што се банките, осигурителните компании, берзите и останатите компании веќе се вклучени во пилот-проектите.

Европската комисија сака да ги искористи постојните иницијативи, да осигура дека тие работат прекугранично, да го консолидира стручното знаење и да се носи со предизвиците кои се резултат на новите парадигми.

Опсерваторијата и форумот на ЕУ ќе делуваат активно за блокчеин, со цел да и се овозможи на Европа да ги искористи новите можности кои ги нуди оваа технологија, да воспостави нови стручни знаења и да стане лидер во таа област.

Врз основа на повикот за поднесување на понуди, компанијата ConsenSys, која работи насекаде низ светот и е веќе етаблирана во Европа, е избрана да и помага на опсерваторијата во информативните активности ширум Европа. ConsenSys како важен субјект ќе придонесе во развојот на блокчејн технологијата. Откако на 29ти јануари 2018та година е потпишан договорот ConsenSys ќе соработува со службите на Комисијата во управувањето на опсерваторијата и Форумот на ЕУ.

Финансиските технологии се политички приоритет на Европската комисија, бидејќи можат и најверојатно сакаат да одиграат значајна улога во постигнување на цели поврзани со развојот на единствениот пазар како што е банкарската унија – сметаат во Европската комисија.

Европската комисија ја препозна меѓусекторската трансформација уште во ноември 2016 година кога е основана работна група за финансиска технологија, чија работа се темели на нејзините цели за изработка на сеопфатна стратегија на финансиските технологии.

Поддржете ја нашата работа: