5 најчести сексуално преносливи болести кај жените

Според Центарот за контрола и превенција на болести, сексуално преносливите болести кои не се лекуваат, предизвикуваат неплодност кај најмалку 24.000 жени секоја година само во САД. Овие здравствени проблеми за кои знаеме многу малку, може да бидат многу сериозни. На пример, доколку не се лекува сифилисот кај бремените жени, предизвикува смрт кај доенчињата во 40 проценти од сите случаи.

Важно е да се препознаат знаците за сексуално преносливите болести за да може да се третира инфекцијата пред да стане ризична по здравјето. Следуваат најчестите 5 сексуални преносливи болести кај жените.

1. Кламидија

Стапката на инфекција од кламидија кај жените е скоро два и пол пати поголема отколку кај мажите. Повеќето луѓе со кламидија немаат никакви симптоми, но оваа болест може да доведе до сериозни здраствени проблеми како неплодност. Вашиот доктор може да ви препише антибиотици за третман, но дури и доколку сте се лекувале за кламидија во минатото, може да ја добиете инфекцијата повторно.

2. Гонореја

Гонорејата е слична со кламидијата во поголемата застапеност кај жените отколку кај мажите. Но за разлика од претходната инфекција, се’ повеќе луѓе со гонореја остануваат недијагностицирани. Знаци на оваа инфекција се болка при мокрењето и бел, жолт или зелен исцедок.

Лекувањето од гонореја вклучува два различни антибиотици, но без медицинско лекување кај жените може да се развие пелвична инфламаторна болест.

3. Генитален херпес

И гениталниот херпес е почест кај жените отколку кај мажите, и тој се појавува кај неверојатни 20 проценти од тинејџерите и возрасните. Не постои лек за херпес, но, вашиот доктор може да ви препише лекови кои ќе ја спречат и олеснат болката и ќе ги скратат избувнувањата – кои кога ќе се појават има поголема веројатност да се проширува.

4. Хуман Папилома Вирус – ХПВ

ХПВ е најчестатата сексуално пренослива болеста кај двата пола, и според Центарот за контрола и превенција на болести, скоро секој сексуално активен/а маж/жена ќе фати барем еден вид на ХПВ во текот на нивниот живот.

1427436599047

Повеќето луѓе со ХПВ не ни знаат дека се инфицирани и не развиваат никакви симптоми или здраствени проблеми. Доколку не се лекува, жените се оние кои се изложени на ризик, бидејќи вирусот може да предизвика рак на грлото на матката.

5. Сифилис

Може да поминат и 90 дена од изложеноста на оваа инфекција предизвикана од бактерии, дури да се појават симптомите. Како што претходно наведовме, нелекувањето на сифилисот кај мајките е сериозен ризик за животот на нероденото бебе. Оваа инфекција се лекува со антибиотици за да се убијат бактериите. Минатата година, стапката на сифилис кај жените всушност се намали за 21 процент, меѓутоа се зголеми кај мажите за 1.3 проценти.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк: 5 најчести сексуално преносливи болести кај мажите

Поддржете ја нашата работа: