6 изненадувачки здравствени придобивки од зелениот чај

Овој зелен чудотворен пијалок од Кина е надалеку познат по своите здравствени придобивки. Од губење на тежината до таргетирање на ракот на панкреасот, зелениот чај на некој начин еволуираше во медицински пијалок за голем број на болести.

Реалноста е дека навистина има изненадувачки здравствени придобивки од само една чаша и тоа при:

  1. Борбата со алергии

Докажано е дека зелениот чај е анти-алергиски, поради специфичното соединение епигалокатехин галат, кое се чини дека е најмоќно. Едно истражување од 2007 година покажува дека полифенолите во чајот може да ја намалат алергијата на полен.

  1. Зголемување на видот

Веќе долго време морковите се сметаат како храна која го подобрува видот, но науката сугерира дека зелениот чај може дури и да ги надмине нивните ефекти.

Антиоксидантите кои се наоѓаат во зелениот чај всушност можат да пенетрираат во ткивата на очите и да предизвикаат антиоксидантна активност. Едно истражување од 2011 година покажува дека зелениот чај може да го спречи слепилото предизвикано од катаракта. Овие откритија сугерираат дека зелениот чај може да послужи како заштитна мерка кога станува збор за видот, но неговите ефекти допрва треба да се потврдат.

  1. Намалување на холестеролот

Замената на нездравите закуски и пијалоци со зелен чај може да помогне во одржувањето на нивото на холестерол. Се верува дека антиоксидансот епигалокатехин галат ја спречува апсорпцијата на холестерол од дебелото црево. Истражувањата покажуваат дека 5 чаши зелен чај дневно би постигнале најголеми резултати.

  1. Одржување на здрави непца и заби

Зелениот чај има лоша репутација поради танинската кислеина, која му ја дава темната боја, а воедно може и да ги потемни забите. Но, всушност, зелениот чај може да биде добар за оралното здравје поради способноста за контрола на бактериите и намалување на киселоста на плунката и денталниот плак, што го прави корисен за спречување на кариес и други показатели на лошо орално здравје.

  1. Спречување на орален рак

Најсилниот антиоксидант на зелениот чај, епигалокатехин галат, може да помогне во уништувањето на клетките на ракот, преку уништување на митохондриите на клетките.

  1. УВ заштита

Катехините во зелениот чај всушност може да ја направат кожата поотпорна на ефектите од штетните УВ зраци, а исто така и да доведат до намалување на црвенилото по изложеноста на УВ зраци. Едно истражување од 2013 година покажува дека само две чаши зелен чај на ден, заедно со 50 мг. витамин Ц во рок од 12 недели можат значително да ги намалат ефектите од УВ зраците на кожата.

Поддржете ја нашата работа: