6 лоши навики при кои се шират микроорганизми насекаде

Луѓето имаат секакви навики, но некои се штетни по здравјето. Издвојуваме шест лоши навики кои сметаме дека секој од нас несвесно ги практикува, а при кои се шират микроорганизми насекаде:

 

 

 

 

 

 

 

Грицкање нокти или прсти

nail-biting

Некои луѓе ги грицкаат ноктите, или кожата околу ноктите, кога се под стрес, кога се загрижени, или пак им е досадно. Но, ноктите и кожата околу ноктите се преполни со бактерии кои се префрлаат во устата и оттаму во внатрешните органи – секој пат кога ќе ги грицнете ноктите.

Грицкањето исто така може да создаде ранички или гребнатинки кои може да соберат уште повеќе бактерии или габи.

Исто така, лицата кои грицкаат нокти се поподложни на инфекции и заболувања на непцата.

И ако не ги измиете рацете откако ќе ги грицкате ноктите и потоа допрете некоја површина со која и други луѓе доаѓаат во контакт, потенцијално ги инфицирате и другите.

Немиење раце после одење во тоалет

Hand Washing

Изметот може да содржи салмонела, Е.коли и може да пренесува одредени респираторни инфекции, според Центарот за контрола и превенција на болести. Само еден грам човечки измет може да содржи трилион бактерии.

Истражувањата покажуваат дека мажите почесто го напуштаат тоалетот без да си ги измијат рацете, особено ако не вршат голема нужда, туку само уринираат.

Рацете треба да се мијат после секое одење во тоалет, секогаш!

Оставање на отворен капак од WC шолјата

toilet-seat

Во својата емисија, „Mythbusters“ покажаа дека секој пат кога пуштаме вода во шолјата се ослободуваат аеросоли од мали загадени капки вода. Ако капакот на шолјата е оставен отворен, честичките одат насекаде и сите предмети кои се наоѓаат во близина стануваат попрскани со микроскопски фекални материи.

Користење на рацете наместо марамче

54ff483dc0fa2-cough-questions-orig-master-1

Одличен начин за ширење на бактерии е кивањето или кашлањето во вашите раце кога сте болни, наместо во марамче, па дури и во внатрешноста на лактот.

Кога бактериите ќе се залепат за рацете, а рацете нема да се измијат, тие бактерии се пренесуваат од лице на лице, при што тие лица се разболуваат, или пак се пренесуваат на други предмети што ќе ги допрат, како на пример на оградата од скалите, на масите или на играчките, па потоа се пренесуваат на другите лица при допир на тие површини.

Користење на забите како ножици

teeth-tape

Покрај тоа што е лошо за забите, оваа лоша навика е исто така и нехигиенска. Доколку кинете некаква обвивка со вашите заби, бактериите се пренесуваат во двете насоки со што вие сте подложни на бактериите од обвивката, а другите лица на вашите бактерии кои сте ги оставиле на истата.

Џвакање на пенкало или молив

chewing-pencil

Покрај тоа што може да ги оштети забите, повторно најголемиот проблем при оваа лоша навика е пренесувањето на бактериите. Тоа пенкало кое ќе го ставите во уста, цел ден го допирале други раце со бактерии

Поддржете ја нашата работа: