83 % од нас страдаат од ментални нарушувања?

Менталните болести се лошо разбрани од страна на пошироката јавност. Кога станува збор за работи како клиничка анксиозност или депресија, јавноста мисли дека лицата кои се погодени од овие нарушувања, можат лесно да се извлечат. Наодите велат дека 350 милиони луѓе ширум светот кои страдаат од депресија, или 800.000 луѓе извршуваат самоубиство секоја година како резултат на тоа што не се лекуваат.

Една нова студија од Универзитетот Дјук во весникот Abnormal Psychology нагласува дека доста е необично, човекот да не искуси ментално растројство во текот на неговиот живот, посебно во своите средни години. Од 988 лица, поканети да учествуваат во истражувањето, само 171 од нив немале искуство со анксиозност, депресија или сродни нарушувања помеѓу 11 и 38 годишна возраст.

Ова значи дека, додека наполните 38 години, голема е веројатноста да бидете еден од тие 83%, кои страдаат од ментална болка.

Од овие 83%, околу половина од учесниците во студијата, всушност имале барем еден пример на минливо душевно растројство пропратено со злоупотреба на лекови. Остатокот од учесниците, во својот живот искусиле хронични ментални нарушувања, долгорочна депресија, биполарно растројство и други видови на периодични нарушувања при кои имаат претрпено психотични епизоди.

CaptureИнтересно е тоа што претходно се мислеше дека, лицето израснато во богато семејство ќе биде физички здраво, со висока интелигенција што значи дека е помалку веројатно да развие ментално нарушување.

Се чини дека оваа студија не го покажа тоа. Наместо тоа, се покажало дека луѓето кои ретко изразуваат негативни емоции, имаат здрав општествен живот и имаат тенденција да покажуваат добар степен на самоконтрола и воздржанот, всушност се оние кои боледуваат од психички растројства, дури и на многу рана возраст.

Во зрела доба, оние со добро образование, добра работа и задоволителни односи често се психички стабилни. Научниците не велат дека овие лица се посреќни, но се помалку склони кон депресија.

Благодарение на ова истражување научниците отвораат нови врати кои водат до нови откритија за социјалното обележување и менталните нарушувања.

Поддржете ја нашата работа: