Ако најавите се веродостојни, Фејсбук повеќе нема да биде ист

“Ќе ја направиме камерата првата мејнстрим платформа за проширена реалност”, рече шефот на ИТ гигантот, Марк Цукерберг во воведниот дел на конференцијата.

Оваа платформа ќе им овозможи на корисниците на оваа социјална мрежа, поврзување на класична фотографија и видео содржина со дигитални модели, а резултатите се веќе видливи во компанијата. “Наместо сегашниот број од неколку опции, ќе има илјадници од нив”, додава Цукерберг.

Филтрите кои ќе ги донесе оваа отворена платформа, ќе им овозможи на илјадници програмери од целиот свет да развијат сопствени единствени филтри за камери.

Ова е многу важен чекор за ИТ гигантот кој одамна ги помина границите на една обична социјална мрежа. Досега Фејсбук се потпираше на текстуална и фото содржина, но пристапот до проширена реалност вели дека работите би можеле да се поместат на потполно ново ниво.

Новите Фејсбук ефекти за камера, нудат многу повеќе од анализирање на пиксели кои ги доловува сензорот. Новата АР платформа на која работат во компанијата, всушност ќе им овозможи на програмерите да дознаат и локациски податоци и да го прилагодат приказот на времето надвор, само локација или нешто трето.

Покрај тоа, Фејсбук ќе ја анализира снимената содржина и ќе се обиде да препознае предмети и лица. Ова можеби звучи страшно за оние кои стравуваат за својата приватност, но тоа е речиси неизбежно за сите оние кои уживаат во друштвени мрежи и останати услуги.

Поддржете ја нашата работа: