Антибиотиците станаа најголемиот непријател на човекот

Некои болести веќе долго време претставуваат глобална опасност – срцевите заболувања, ракот и ХИВ/СИДА на пример. Инфективните болести отсекогаш претставуваат сериозна закана за областите на кои не им се достапни одредени лекови, но по откривањето на антибиотиците во развиените земји значително е намалена стапката на смртност од инфективни болести.

Но, овие болести повторно се враќаат и тоа единствено по наша вина.

Според извештајот од минатата година, поддржан од владата на Велика Британија, до 2050 година, болестите што се отпорни на лекови, секоја година ќе убиваат повеќе лица  од ракот. Резистентните инфекции, меѓу кои оние предизвикани од новиот вид на Ешерихија коли, маларија и туберкулоза, се проценува дека биле причина за 700.000 смртни случаи на глобално ниво минатата година, но научниците предупредуваат дека бројот може да се искачи на околу 10 милиони доколку не се преземат мерки. Студијата, наречена Преглед на антимикробна резистенција, била одобрена од Дејвид Камерон, а предводена од Џим О’Нил, поранешен претседател на „Голдман Сакс“.

Инфекциите отпорни на лекови не само што ќе убиваат повеќе луѓе, туку тие ќе го чинат светот над 100 трилионои долари годишно.

Во извештајот, како главен виновник за инфекциите отпорни на лекови се посочува употребата на антибиотиците во земјоделството, нагласувајќи дека оваа практика би требало да се намали или да се забрани. Оваа загрижувачка појава се однесува и на антибиотиците од последната одбранбена линија – антибиотици за кои нема замена доколку станат неефикасни.

„Зачудувачки е што во повеќето земји многу повеќе антибиотици се користат за животните отколку за луѓето“ – вели Џим О’Нил за  „The Guardian“. „Ова создава ризик од развој на отпорност кај секого, што беше нагласено и во неодамнешните кинески наоди за резистенцијата кон колистин, важен антибиотик од последната одбранбена линија, кој опсежно се користи кај животните“.

О’Нил вели дека со научните докази се поддржува потребата од намалување на антибиотиците во земјоделството и дека е време креторите на политиките така и да постапуваат.

lead_960Експертите вклучени во студијата се сложуваат дека треба да има договорено ниво на антибиотици кои можат да се користат по килограм кај добитокот. Тие исто така изразуваат загриженост и во врска со загадувањето – производството на антимикробни средства создава отпад кој често се исфрла во водите, предизвикувајќи „особен ризик од развој на резистенција“.

„Редовната употреба на антибиотиците кај животните претставува огромна опасност бидејќи создава отпорност кон лековите кои се од клучна важност за модерната медицина како и за нашето здравје и егзистенција“- вели Николас Стерн, претседател на Британската Академија. „Ова е класичен пример каде краткорочниот личен интерест се спротивставува на среднорочното општо добро. Во овој случај, личната корист е мала, додека општата штета е огромна. Ова бара координирана јавна акција“.

Целиот текст може да го прочитате на следниот линк.

Поддржете ја нашата работа: