Античкиот череп од Кина може да испише нова историја за човечката раса

Многу научници веруваат дека модерниот човек потекнува од африкански предок, но новата анализа, направена на кинески череп открила премногу сличности со најстарите човечки фосили, пронајдени во Африка, а тоа значи дека можеби не сите потекнуваме од Африка.

Познат како черепот од Дали, откриен е пред речиси 40 години во кинеската провинција Шанкси. Припаѓал на член на раниот хомински хомо еректус. Неговата структура на лицето и черепот останале недопрени , иако датираат од пред околу 260 000 години. Черепот Дали е толку стар што археолозите во почетокот не верувале дека може да дели карактеристики со модерниот хомо сапиенс.

Единствен човек кој верувал во тоа е Ксинџи Ву од Кинеската академија на науките во Пекинг, кој вели дека поради големите физички сличности хомо еректусот мора да дели ДНК со хомо сапиенс. Децении по отфрлањето на оваа идеја од страна на академската заедница, Ву и и неговата колешка Шела Атреја од Универзитетот A&M во Тексас, неодамна повторно го анализирале черепот Дали и откриле дека сепак можеме одново да испишуваме своја историја. Интересно е тоа што два одделни черепи на хомо сапиенс претходно беа пронајдени во Мароко.

“Доколку го пронајдевме само мароканскиот череп, а не и Дали черепот ќе верувавме дека сите современи луѓе се развиле во Африка, но сличностите покажуваат дека раните модерни луѓе не биле генетски изолирани од другите делови на светот, на пример оној дел од светот кој денес го знаеме под името Кина”.

Мислам дека протокот на гени би можел да биде повеќеслоен, па некои карактеристики кои се видливи во Европа или Африка би можеле да настанат во Азија, вели Атреја за New Scientist.

Поддржете ја нашата работа: