Антилопите се вратија во дивината после 20 години

Ретките антилопи кои беа декларирани како загрозен и скоро изумрен вид, конечно се вратија во степите на Сахара. И покрај таквото прогласување, видот scimitar-horned oryx повторно слободно живее за прв пат после 20 години.

Овој вид на антилопи се сметаше за еден од оние со највисок степен на загрозеност. Во период од само 50 години во минатото бројот на антилопи значително се намалил. На пример во 1930 можело да се забележат 10.000 антилопи како се движат по степите на Чад во Централна Африка, а во 1980 година се сметало дека во дивината останале дури помалку од 500. Под контролирани услови антилопите досега беа згрижени низ целиот свет со цел да се зачува видот, бидејќи изумирал во дивината.

content-1487104571-wildСтадо од шест мажјаци и осум женки минатиот месец беа вратени недалеку од централен Чад. Ваквата реинтродукција, управувана од низа организации, вклучувајќи го Зоолошкото друштво од Лондон, предводено од страна на агенцијата за животна средина во Абу Даби и Владата на Чад, им овозможи на овие животни да се вратат во своите природни живеалишта.

Оваа бројка всушност се приклучува на оние 21 антилопи кои ги вратиле во август, минатата година. Претходното издание е толку успешно, што конзерваторите имале можност да го прослават раѓањето на првото младенче од овој вид во дивината за две децении, и е навистина значајно достигнување за оние кои се обиделе да го спасат видот од истребување.

content-1487092750-first-oryx-leaving-the-enclosure-0730-hrs-21-january-2017-c-zsl“Раѓањето на првата антилопа, исто така за нас е многу охрабрувачки чин. Имаме голема надеж дека еден ден, во не толку далечна иднина, стадата на овој вид ќе бидат повторно вообичаена глетка за овој регион”, вели Тим Ватчер, кој работи со антилопи над 30 години.

Антилопите им се добро познати на луѓето со векови. Старите Египќани ги припитомувале и користеле за верски обреди, додека за богатите Римјани претставувале животни по нивен вкус. Исто така во минатото често се мислело дека антилопата води потекло од митски еднорог, бидејќи доколку ги гледате антилопите од страна, се чини дека имаат еден рог кој излегува од повеќе глави.

extra_large-1487092716-cover-image

Поддржете ја нашата работа: