Археолозите откриле мистериозна празнина во Кеопсовата пирамида

СПОДЕЛИ

Дека тајните на пирамидата навистина немаат крај сведочи најновото откритие на големата празнина во Кеопсовата пирамида во Египет. Суштината на пронајдениот празен простор е непозната, а бидејќи е недостапна не сме сигурни дали можеби во неа се наоѓаат некои вредни предмети.

Јапоските и француски експерти го објавиле откритието по двегодишното истражување на славниот пирамидален комплекс во Гиза, недалеку од Каиро.

Тие ја користеле технологијата позната како муграфија за откривање на промени во густината во масивни камени структури.

Кеопсовата пирамида е изградена за време на владеењето на фараонот Кеопс, помеѓу 2509 и 2483 година п.н.е. Висока е 140 метри и е најголема пирамида во Гиза. Познато е дека во пирамидата се наоѓаат три големи комори и серија коридори и пасажи, од кои најпозната е Големата галерија, долга 47 метри и 8 метри висока.

Новооткриената структура лежи точно над галеријата, и е со слични димензии, – велат експертите.

“Не знаеме дали оваа голема празнина е хоризонтална или навалена, не знаеме ни дали станува збор за една или повеќе поврзани структури, но знаеме дека постои и дека е инпресивна, бидејќи не е очекувана според ниту една научна теорија”, вели Мехди Тајоби од Институтот HIP во Париз.

“Ние се обидуваме да ја разбереме внатрешната структура на пирамидата и како се градела. Познати египтолози, археолози и архитекти, имаат свои хипотези. Ние само им даваме податоци, а тие се оние кои треба да ни кажат дали е тоа нешто што очекувале или не”, вели Хани Хелал од Универзитетот во Каиро, еден од главните лидери на истражувањето.

Дискусија

Коментари