Асфалт што не мрзне

Со почетокот на зимата и првите снегови, властите во градовите ги посипуваат коловозите со сол, песок и хемикалии за да спечат создавање на мраз. Но се чини дека овој ритуал наскоро ќе стане непотребен. Истражувачите од Универзитетот Коч во Турција развиле нов материјал за патишта кој може да го спречи нивно мрзнење.

Истражувачите направиле мешавина од калиум формат и стирен-бутидиен-стирен полимер и ја додале во битуменот кој е главната состојка во асфалтот. Тестирањата во лабораторија покажале дека ова значително го одложува создавањето на мраз во споредба со вообичаената површина на патиштата, а во исто време ја задржува истата цврстина како и битуменот.

Според Американската хемиска асоцијација, овој материјал го задржува својството на одмрзнување во период од два месеци, но овој ефект би можело да трае и подолго кога ќе се користи на терен. Кога овој полимер ќе се посипе рамномерно на асфалтот, под притисокот од возилата, мешавината полека ќе се ослободува и ќе го спречи мрзнењето на површината можеби и во период од неколку години.

Ако оваа нова состојка во битуменот се направи да биде комерцијално исплатлива и ако истиот ефект се постигне и при тестирањата во реални услови, возењето во зимски услови наскоро би можело да стане многу помалку опасно.

Истражувањето е објавено во „Industrial & Engineering Chemistry Research“.

Поддржете ја нашата работа: