Астрономите имаат ново објаснување за тоа како е формирана Месечината

Една од најпопуларните хипотези за тоа како настанала нашата Месечина е хипотезата за големиот судир: идејата дека планета со големина на Марс се судрила со Земјата пред околу 4,5 милијарди години, фрлајќи парчиња на кора во вселената, кои на крај се поврзале и ја формирале Месечината.

Има добри докази за да се поддржи таа идеја но, сега научниците развија нова алтернативна хипотеза која укажува на тоа дека Земјата и Месечината се формирани од истиот стопен материјал.

Новиот модел, направен од истражувачите од Универзитетот Дејвис во Калифорнија, помага да се објасни зошто Земјата и Месечината имаат во голема мера сличен хемиски состав.

Тој сугерира дека оригиналниот „голем судир“ бил многу поголем отколку што се сметало, со што се уништил поголемиот дел од Земјата и „Theia“ – хипотетичката планета која се судрила во неа.

Поголемиот дел од материјалот што се разлетал далеку од Земјата, најверојатно би паднал назад со ладењето на планетата. Па, со тоа што се’ уште сметаат дека се случил насилен планетарен судир, научниците сугерираат дека Месечината не е остаток од нешто што ја погодило Земјата и се одалечило од неа, туку дел од иститот материјал од што била формирана самата Земја.

„Еден голем судир кој поттикнува низа на настани“- вели главниот истражувач Сара Стујард.

Таа, заедно со своите колеги од Универзитетот во Мериленд и Харвард, сугерираат дека првичниот огромен судир создал огромна маса на испарлива стопена материја од која се формирале и Земјата и Месечината.

Хипотезата сугерира дека приливните сили ја намалиле силата на забрзување предизвикана од блиската врска помеѓу Земјата и Месечината, се додека тие не ја постигнале т.н. транзициона точка на Лапласов авион – точката во која силата на привлекување од Сонцето е поважна од онаа на Месечината.

moon-2

Овие нови модели покажуваат како Месечината орбитира околу Земјата со големо навалување во овој момент – аголот помеѓу орбитата на Месечината и екваторот на Земјата. Тие исто така покажуваат дека таа се врти многу брзо.

По десетици милиони години, гравитационите сили предизвикале ова вртење да се успори, и на крајот најверојатно се случила втора точка на транзиција – транзиција на состојбата Касини – кога Месечината се префрлила на своето сегашно навалување од 5 степени.

Едноставно кажано, научниците сугерираат дека дека Сонцето помогнало Земјата да дојде до сегашното навалување од 23 степени, кое пак помогнало во навалувањето на Месечината за 5 степени.

Истражувачите велат дека ова навалување е само уште еден дел од сложувалката која одговара на оваа нова хипотеза. Тие планираат да ги тестираат различните делови од нивната хипотеза во наредните месеци, особено во однос на хемискиот состав на Земјата и Месечината.

„Она што е убаво во оваа работа е тоа што може да ја дознаеме моменталната состојба на Месечината, нејзината орбита и хемија со само еден чекор, без поттикнување на било кој друг настан“ – додава Стујард.

Ова истражување е објавено во „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: