Австралија заслужна за 40% ефикасни соларни ќелии

Клучниот дел на прототипот е специјално изработен оптички филтер, што ја собира сончевата светлината што обично се губи кај комерцијалните сончеви ќелии и ја претвора во електрична енергија со поголема ефикасност отколку што самите соларни ќелии воопшто можат.


Филтрите рефлектираат одредена бранова должина од светлината, додека другите ги пренасочуваат.

Ова претставувa највисоката ефикасност, којашто досега била прикажана, во претварањето на соларната енергија во електрична. Користени се комерцијални соларни ќелии, но на поинаков начин, така што ова подобрување во ефикасноста веќе е и дастапно на соларната индустрија.


Предходно постигнатите рекорди со слична ефикасност биле можни само во лабараториски услови и тоа на многу мали површини.

Овој рекорд беше постигнат во Сиднеј, на отворено, пред да биде независно потврден од Националната лабораторија за обновлива енергија (National Renewable Energy Laboratory (NREL)) при нивното тестирање на отворено во САД.

Новите резултати се базирани на употребата на концентрирана сончева светлина и се особено релевантни за фотоволтаичните кули направени во Австралија.

„Се надеваме дека, со текот на времето, зголемената ефикасност на комерцијалните соларни ќелии ќе доведе до производство на многу поевтина обновлива енергија , што ќе ја големи нејзината конкурентност“, истакнуваат истражувачите од Универзитетот Нов Јужен Велс.

Овој труд е финансиран од Австралиската агенција за обновлива енергија (Australian Renewable Energy Agency (ARENA)), а поддржан од Австралиско-Американскиот институт за напредни фотоволтаици(Australia-US Institute for Advanced Photovoltaics (AUSIAPV))

Резултатите од ова истражување ќе бидат презентирани утре, на 8-ми Декември, на  „Australian PV Institute’s Asia-Pacific Solar Research Conference

Како изгледа централа со концентратори :

 

Поддржете ја нашата работа: