Бебињата треба да спијат со родителите, но во посебен кревет

СПОДЕЛИ

Според Американската академија за педијатрија, најдоброто место каде новородено бебе треба да спие е во спалната соба на родителите, но во свој кревет, додека е на возраст од шест месеци, а по можност и до 12 месеци. Истражувањата покажале дека на овој начин може да се намали ризикот од синдромот на ненадејна смрт на детето помеѓу 2 неделна и едно годишна возраст.

Студијата објавена во списанието Pediatrics истакнува и дека додека бебето спие во друга соба, квалитетот на сон е нарушен и кај родителите и кај детето. Бебето спие подобро во својот деветти месец.

Неколку дополнителни минути за спиење можат да направат разлика, а истражувањето сугерира дека воедно спиењето во раното детство ги подобрува шансите за добар сон на понатамошна возраст. Бебето кое ја дели собата со своите родители често завршува во нивниот кревет и почесто има ќебе и перници околу себе.

Во коментарите кои ја следат студијата, раната консолидација на спиење не е нужно добра работа. Способноста за лесно будење е важна и може да биде критична во превенција на синдромот на ненадејна смрт.

Будењето кое се случува поради делење на собата со родителите може всушност да го заштити детето. Ниту оваа рана доба не трае долго. Иако се чини како вечност, со текот на времето, повеќето бебиња учат да спијат цела ноќ без да се разбудат. Доколку бебето е покрај вас, полесно е да го доите. Кога бебето спие во друга соба, мајката поретко го дои и затоа тоа трае помалку месеци.

Секое дете и секое семејство е различно. Делењето на соба со родителите може да помогне при намалување на ризикот од синдром на ненадејна смрт и да го олесни доењето. Но доколку заради тоа родителите не спијат доволно, тоа не е добро ни за детето.

Дискусија

Коментари