Би можеле ли да преживееме нуклеарна војна?

1590
СПОДЕЛИ

Глобалната нуклеарна војна е позадина на голем број на видео игри, ТВ емисии и филмови, а за жал и реални трагедии. Но, доколку навистина избувне трета светска војна и масовна употреба на нуклеарно оружје, дали некој би можел да преживее?

Во следното видео, „Vsauce3“ го објаснува ова прашање, но пред да го погледнете видеото, еве некои статистики кои може да не направат малку параноични.

Иако не постои официјален попис, се проценува дека постојат повеќе од 10.000 нуклеарни оружја, а само една четвртина од нив е доволна за да се збрише цела Северна Америка.

Покрај тоа, тука е и моќта на овие нуклеарни бомби. Во 1954 година, Замокот Браво – најголемата нуклеарна бомба детонирана од САД, создала облак-печурка кој достигнал висина од 40 километри во рок од 10 минути и се протегал речиси 100 километри преку океанот. Оваа експлозија била еднаква на експлодирање на милијарда килограми ТНТ одеднаш.

Но, тоа не е ништо во споредба со нуклеарната бомба Цар во Русија во 1961 година, која била три пати поголема. Прочитајте повеќе на Енаука.мк: 12-те најголеми нуклеарни детонации во историјата.

Благодарение на облакот- печурка и ветровите во моментот, радиоактивните честички може да патуваат илјадници километри од изворната точка на експлозија. Во случајот со Замокот Браво, била погодена територија од 12.950 квадратни километри.

Покрај тоа, целиот радиоактивен материјал не се забележува лесно. Како на пример стронциум-90 кој ја загадува почвата и растенијата, а потоа и животните кои се хранат со нив, а потоа и луѓето кои се хранат со животните. Откако ќе навлезе во коските може да емитува радијација со години и да предизвикува рак и леукемија.

Што значи, на крајот на краиштата, за да се преживее нуклеарна бомба најважни се оддалеченоста, времето и засолништето, односно да се биде што подалеку од првичната експлозија и областа околу неа, да се биде изложен на радиоактивните честички што е можно помалку време и што е можно подобро да се најде засолниште од загадената средина. Но, потоа потребни се вештини за опстанок, наоѓање на храна и вода, бидејќи ниедно засолниште не трае вечно. Дури и тогаш времето би ни било избројано, доколку општеството околу нас почне да пропаѓа. Да се надеваме дека такво нешто никогаш нема да се случи. Погледнете го видеото!

Дискусија

Коментари