Фактот дека многу малку знаеме за морските длабочини го потврдува уловот на еден руски рибар кој со слики деновиве кружи на социјалните мрежи.

Рибарот Роман Федортсов живее во северниот дел на Русија, а неговата област на стручност за риболов е Баренцовото Море, кое се наоѓа на работ на Арктичкиот Океан.

Суштествата кои ги фати неговата мрежа се необични, во најмала рака. Роман ги фотографира и дели на социјалните мрежи. На индиректен начин ние можеме да научиме многу од тоа.

czk8nbuwiaawfk
Зошто чудните риби од длабокото море останале незабележани? Заради единствена причина што длабоката морска животна средина е најмалку истражено место на светот. Можеби звучи чудно, но факт е дека човекот има повеќе податоци за Марс, отколку за океанот на својата матична планета, со оглед на тоа дека водената површина е изтражена само 0,05% во детали.

c0jvubpw8aaszfc
Длабоките води се всушност подлабоки од 1 км, а посебни се затоа што до нив тешко допира светлина, но сепак таму постои активен и богат жив свет без оглед на навидум непријатните услови за живот. Причината зошто Романовите риби се со темна боја е затоа што живеат во таква средина, а предност е тоа што остануваат незабележани.

c0a6kl0xuaacki8
Овие риби живеат на 200 до 1000 метри драбочина, доволно длабоко за да имаат малку светлина, но недоволно за фотосинтеза и кислород. Затоа некои риби и биолуминисцентни организми се креваат на површината за да се хранат, а некои пак живеат во длабочина од 1000 до 4000 метри, и функционираат без светлина. За нив, освен изумрени организми и отпаден материјал, нема многу избор на храна.

Уживајте во ретките суштества кои Роман ги фотодокументира.
Не морате да им ги покажувате на своите деца пред спиење.

c0lk75awqaaiavb cz3slk1wgaa0ecw cz4c7ulwqaaxgbd cz41cokxaaqpgxo cz86uagwqaam87m czoi6y_wgaezikr czsy1c5wqaywp9w czxf58kxcaa5muv czy9aeaxeaacs-7 czxfmxcwgaa2lzl

cz2gddvxcaaegdw-1

Поддржете ја нашата работа: