Боите на Универзумот

Како навистина изгледа универзумот?

Користејќи го официјалните фотографии  направени од вселенските летата, уметникот Мајкл Бенсон направил реконструкција на фотографиите од универзумот во вистински бои – токму онака како би се гледале со голо око.

1

2

1452084280222Кога науката се среќава со уметноста

„Бидејќи овие места се секако многу далеку за да можеме директно да ги доживееме, тогаш тие би требало да се обојат на начинот на кој би изгледале“ вели Бенсон, осврнувајќи се на процесот на создавањето на вистинските бои.

Тој ги зел необработените податоци од мисиите на НАСА и Европската вселенска агенција и прецизно, на свој начин, ги претворил во нешто што човечкото око може да го препознае.

Бидејќи камерите што се поставени на леталата како што се „Нови хоризонти“ и „Касини“ ги прават сликите покажувајќи ја видливата светлина (црвената и сината), како и невидливата (ултравиолетовата и инфрацрвента), повеќето од сликите што се достапни на интернет не се во „вистинската боја“.

Бенсон ги направил сликите преку филтри за видлива светлина – светлината што може окото да ја види и ги поврзал заедно во композиција со вистински бои.

Поддржете ја нашата работа: