Бродовите крстосувачи ги загадуваат океаните

Околу 20 милиони лица секоја година го пловат светот со бродови крстосувачи, и на копното се враќаат задоволни со незаборавни спомени, несвесни што точно оставаат во водата.

Да речеме дека тоа е 3,8 милијарди отпадни води. Ова го тврди невладиното здружение Friends of the Earth, кое користи податоци на анализи од Агенцијата за заштита на животната средина во САД, за да дојде до овие застрашувачки податоци. Само еден просечен брод крстосувач со кој патуваат 3000 патници, остава во водите пола милион литри ѓубре неделно.

Отпадната вода од бродовите е полна со бактерии, тешки метали, патогени, вируси, лекови и други работи кои можат да му наштетат на човековото здравје и живиот свет во водите. Најдобро е да се испуштат отпадните води во длабоките океани, ако тоа се прави во близина на брег, може да ја загади морската храна, да ги убие морските животни и да ги разболи пливачите.

Една студија од 2011 година, работена на Карибите, заклучила дека исфрлањето на отпадните води од бродови блиску до брегот и во плитките води е исклучително ризично за живиот свет.

Порано кога бродови крстосувачи постоеле во помал број, океаните можеле да го разградат нивниот отпад, но денес крстосувањето е еден од најбрзо растечките сегменти за развој на туризмот, а вкупниот број на патници за последниве 10 години се зголеми двојно.

Бродската индустрија развила систем за прочистување на отпадните води, но сепак две петтини од 167 светски бродови крстосувачи и натаму ги загадуваат океаните поради технологија стара 35 години.

Системот за третирање на отпадните води не прави многу за филтрација на азотот и фосфорот кој се наоѓаат во отпадот а со нив се хранат алги. Алги има во плитките води, на само 12 наутички милји од брегот каде на бродовите им е дозволено да исфрлаат отпад. Поради тоа се намалува кислородот во водата, и умираат школките, коралите, рибите и другите морски животни.

На крајот, не се виновни само бродовите, туку и канализациите кои поради претеран развој на брегот се значаен фактор за загадување.

Поддржете ја нашата работа: