Микро и Макро

Откриена нова планета која би можела да биде погодна за живот

Астрономите откриле нова планета која спаѓа меѓу малубројните небесни тела на кои може да се развие некаква форма на живот. Оваа планета наречена „LHS 1140b“, орбитира околу ѕвезда во соѕвездието Кит, оддалено од Земјата 40 светлосни години. „Ова е највозбудливата егзопланета што сме ја виделе во последните децении. Не можевме да се надева дека ќе откриеме подобра цел во потрага по...

Астрономите можеби конечно ја имаат првата слика од црна дупка

Првиот обид да се „погледне“ во една црна дупка и да се направи фотграфија од нејзиниот хоризонт на случувања- точката од која нема враќање, односно границата простор-време, се чини дека е успешен, со оглед на тоа дека десетдневниот период на опсервација поминал без позначајни поблеми. Сите собрани податоци се ипраќаат до два суперкомпјутери, во САД и Германија на понатамошна обработка,...

Астероид со дијаметар поголем од 600 метри ќе помине блиску до Земјата

Огромен астерид ќе помине покрај Земјата денес, а НАСА со внимание го следи неговото движење. Оваа вселенска карпа, позната како 2014-JO25 е откриена во мај 2014 година. Според современите мерењата на НАСА, астроидот е со големнина од околу 650 метри, а неговата површина е два пати порефлективна од површината на Месечината. Засега малку е познато за физичките својства на овој...

И ова не го знаевме за диносурусите

Фосилни остатоци од џиновски влекач кој живеел на Земјата пред околу 245 милиони години, означен е од научниците како алка која недостасуваше во сфаќањето за потеклото на диносаурусите. Истражувачите наведуваат дека суштество што наликува на крокодил, наречено Teleocrater rhadinus, ги руши досегашните теории за потеклото на диносаурусите. Според истражувањето објавено во списанието „Nature“ , најстариот роднина на диносаурусите - но не...

Акција за чистење на вселенскиот отпад

Во изминатите 60 години направени се скоро 5.000 лансирања  ракети, сателити и други летала, што резултираше со огромна акумулација на отпад во орбитата на нашата планета. Oд тоа само исклучително мал дел претставуваат функционални летала, додека остатокот - околу 94 проценти се предмети кои не служат за ништо. Околу 64 проценти од предметите што рутински се следат претствуваат делови откинати од...

Обновено – Возбудливи денови за науката: Пренос од прес конференцијата на НАСА во врска со нови откритија за “Вонземските океани“

Обновено: НАСА известува дека Касини потврдува извор на кислород под површината на месечината Енцелад (тоа се претпоставуваше и порано), кој би можел да поддржи живот како оној на Земјата. Се претпоставува дека овој ефект би можел да биде ефекет на присуството на метан во оваа средина, што е директен показател на постоење на одредени форми на живот, дури и...

НАСА ќе го уништи леталото Касини за да не ја загади Месечината на Сатурн

Сондата Касини која кон Сатурн беше лансирана во 1997 година, полека останува без гориво. Со цел да се избегне потенцијално загадување на Месечината на Сатурн, НАСА планира да го уништи ова летало. Пред да биде уништена, Касини ќе прелета помеѓу Сатурн и неговите прстени и ќе настојува да сними што повеќе податоци. Роботската сонда по име Cassini Huygens, е летало...

За прв пат откриена атмосфера околу егзопланета слична на Земјата

Научниците велат дека за прв пат детектирале атмосфера околу една егзопланета. Тие ја проучувале планетата позната како „GJ 1132b“, која е 1,4 пати поголема од Земјата и се наоѓа на оддалеченост од 39 светлосни години. Нивните опсервации укажуваат дека оваа „супер-Земја“ е обвиткана со дебел слој од гас, кој претставува или водена пареа или метан или смеса од двете материи. Во истражувањето...

Мистериозната црна енергија можеби и не постои

Уште од 1990-тите на научниците им е познато дека Универзумот се шири со забрзана стапка. За оваа појава засега се смета дека е одговорна мистериозната црна енергија.Според пресметките на научниците оваа енергија сочинува дури 68 проценти од Универзумот. Иако не постојат директни докази за постоењето на црната енергија, оваа идеја е општо прифатена, бидејќи најдобро го објаснува Универзумот каков што...

Пронајдени масивни подземни тунели на Месечината

Неодамна експертите пронајдоа гравитациони аномалии кои укажуваат на посоење на подземни шуплини на Месечината, што беше заклучено врз основа на податоците на GRAIL. Група јапонски научници тврдат дека пронашле масивни подземни тунели на Месечината. Овие тунели, во блиска иднина би можеле да се искористат како совршени засолништа за астронаутите, изнесуваат истражувачите на 48. конференција за лунарни и планетарни науки. Како што...

Пронајдени нови планети во Сончевиот систем

Астрономите од Националниот Универзитет во Австралија пронашле четири објекти во Сончевиот систем кои би можеле да бидат прогласени за планети. На научниците им помагале 60 илјади доброволци од целиот свет кои разгледувале фотографии од 4 милиони објекти во вселената за време на потрагата по нови планети. На овој начин веќе се пронајдени две нови планети, што би значело дека со истиот...

Мистериозниот блесок на Х-зраците во далечната галаксија ги збунува научниците

Астрономите забележале мистериозен блесок на рендгенски зраци во нашата галаксија оддалечени 10.7 милијарди светлосни години. Овој феномен го открил телескопот на НАСА Чандра за време на најдлабокото сликање на рендгенските зраци, а научниците ги збунува фактот дека блесокот на изненадување се појавил и потполно исчезнал во рок од еден ден. Експертите сметаат дека ова би можело да биде резултат на потполно...

Како НАСА планира да го оживее Марс

Доколку ги прашате научниците зашто на Марс е толку ладно и безживотно, ќе ви одговорат дека причината за тоа е што пред 4,2 милијарди години Црвената планета неповратно го изгуби своето магнетно поле. Без оваа заштита, соларните ветрови на Марс му одзедоа поголем дел од неговата атмосфера, со што опстанокот на каков било вид на живот е практично невозможен....

Облакодер што виси од небо прикачен на астероид

Една архитектонска фирма од Њујорк претстави облакодер што  „виси“ од небо.Тоа би требало да биде најголемата зграда што некогаш е направена. Кулата наречена Аналема- идејно решение на фирмата „Clouds Architecture Office“, би требало да виси од астероид кој кружи на висина од 50.000 километри над површината на Земјата. За астероидот кулата ќе биде закачена со исклучително цврст кабел. Кулата би се...

Стивен Хокинг ќе патува во вселената + (Видео)

Космологот и физичар Стивен Хокинг ќе патува во вселената, благодарение на претприемачот Ричард Бренсон, кој ќе му дозволи да лета со неговиот вселенски брод. За британските медиуми изјавил дека „никогаш не ни сонувал дека ќе се упати кон вселената“, пред се заради неговата возраст и здравствената состојба. „Ричард Бренсон ми понуди седиште на Вирџин Галактик, и веднаш кажав да“, вели Хокинг. Компанијата...

Капсулата „Dragon“ се врати на Земјата

Капсулата  „Dragon“ на приватната вселенска компанија СпејсЕкс, се врати на Земјата во неделата (19 март), со спектакуларно спуштање  во Тихиот океан, откако ја заврши мисијата на Меѓународната вселенска страница(МВС). Од МВС капсулата била одвоен со помош на роботска рака од страна на Астронаутите Томас Пескет од Франција и Шејн Кимбру од САД. После  пет часа „ безбеден лет“, капсулата  со...

Погледнете ја најчудната Месечина

НАСА објави слики од најнеобичниот сателит на Сатурн - Пан. Фотографиите се забележени на 7-ми март оваа година за време на најблиското прелетување на сондата покрај месечината на само 24.500 километри. Според експертите на НАСА, сликите би требало да овозможат истражување на геологијата на месечината и за тоа како се создала оваа необична форма. Месечината Пан е едан од 62-те досега...

Научниците на чекор до создавање на синтетичка форма на живот

Научниците се на чекор до создавање на цел синтетички геном за микроб кој веќе пет илјади години се употребува за производство на леб, пиво и вино – квасецот. Ова отвара пат за содавање на потполно нови организми кои во целост се дело на човечка рака. Овој труд на креирање на квасецот претставува значителен напредок во способноста на истражувачите за создавање...

Гравитациони бранови – што претставуваат и зошто ги истражуваме

Гравитационите бранови се релативно нов концепт во физиката. Иако за нив прв пат дискутирал Лаплас во 1805-тата година, нивната модерна форма била формално запишана во 1915 година, кога Ајнштајн ја презентирал неговата Општа Теорија на Релативност. Според оваа теорија, Универзумот е четиридимензионален: три димензии се просторните димензии (висина, ширина, должина), а четвртата е времето. Така, според Ајнштајн, времето и просторот...

Магнетен штит за Марс

Марс сега не е погоден за човечки живот, но еден ден тоа би можело да се промени. Научниците на НАСА предлагаат смел план со кој би можело на Марс повторно да му се врати атмосферата, со што црвената планета би била погодна за живот на идните генерации на луѓе што ќе ја населат. Тие сметаат дека со лансирање на огромен магнетен...

Најново од Енаука.мк