Микро и Макро

Црната материја во Универзумот се губи, а научниците конечно пресметале во колкава количина

Руските научници од Институтот за нуклеарни истражувања во Москва за прв пат успеале да го измерат количеството на црна материја во Универзумот, што исчезнало после Големата експлозија, што се случила пред околу 13,7 милијарди години. Тие пресметале дека се распаднале најмногу до пет проценти од црната материја. Со овие наоди би можела да се објасни една од најголемите мистерии во...

Лоциран изворот на мистериозните радио сигнали од далечната вселена

Веќе 10-тина години, астрономите детектираат необични извори на радио бранови со висока енергија, од далечните делови на вселената. Секоја трансмисија на овие т.н. „fast radio bursts” (FRB), за краток момент оддава енергија на милиони ѕвезди, за во дел од секундата да се изгуби. Се досега, изворот на овие моќни сигнали беше мистерија за научниците. „Не знаеме каков тип на објект...

Пронајден нов тип на галаксија, со феномен кој ги збуни астрономите

Научниците открија исклучително редок вид на галаксија која се наоѓа на околу 359 милиони светлосни години од Земјата, единствена кружна структура која досега не е идентификувана. Галаксијата, наречена „PGC 1000714“, на пример е прстенеста галаксија во која надворешниот круг на млади ѕвезди го опкружува старото галактичко јадро. Сепак, кога ке се погледне подетално, „PGC 1000714“ открива дека јадрото не се наоѓа...

Можно ли е со помош на телескоп да се види дали слетувањата на Месечината биле вистинити?

Секој голем историски настан, речиси неизбежно го следат и теории на заговор, кои обично се состојат од потполно различни објаснувања за настанот, што подоцна поттикнуваат бројни контроверзи и дебати околу валидноста на оригиналната приказна. Низ историјата постојат бројни теории на заговор, но едни од најпопуларните настани, чија автентичност е сѐ уште оспорувана од многу поединци, заедници, па и држави...

Масивна коронарна дупка се формираше на Сонцето – Видео

Вселенското летало „Solar Dynamics Observatory“ на НАСА кое го набљудува Сонцето од 2010 година, забележа џиновска темна дупка на површината. Се работи за астрономскиот феномен наречен коронарна дупка кој одвреме навреме се појавува на короната (атмосферата) на Сонцето. Според НАСА, овие дупки одбележуваат места со мала густина, каде што магнетното поле на Сонцето се отвора во меѓупланетарниот простор, дозволувајќи топол...

Зошто Венера и Уран се вртат во обратен правец од другите?

Вселената чува многу мистерии што научниците допрва треба да ги решат. Една таква се наоѓа и во нашиот Сончев систем и останува необјаснета со децении – зошто Венера и Уран се вртат околу Сонцето во обратен правец од другите планети? Венера се врти околу својата оска од исток кон запад, а Уран е толку навален што практично се врти навален...

Што ни откри „NASA“ за „Europa“ ? (+Видео )

Пред некој ден се одржа пресконференцијата каде тим научници од НАСА ги презентираа најновите податоци и истражувања што се направени врз сателитот на Јупитер „Европа“. Иако со сигурност никој не може сега за сега 100% да ги потврди наодите, сепак тимот смета дека од опсервациите кои се вршени врз Европа може да се заклучи дека од внатрешноста на оваа месечина на...

Објавен првиот концепт за живеалиштата на Марс

Истражувачите на НАСА имаат многу проблеми кои треба да ги решат доколку сакаат еден ден астронаутите да се сместат на Марс. Една од најголемите пречки е каде овие луѓе ќе спијат и живеат, па после предложените идеи, инженерите можеби конечно дојдоа до решение – концептуален дизајн на „леден дом“. НАСА размислува за создавање на куполи на дување, покриени со мраз,...

Колку долго би можеле да преживееме на другите планети?

Нашата планета Земја е навистина убаво место за живеење и со сигурност ќе ја цените повеќе кога ќе погледнете колку долго би можеле да преживеете на другите места во нашиот Сончев систем. Во видеото подолу, Нил Деграс Тајсон истакнува точно колку време би било потребно за да достигнете прилично ужасна смрт на другите планети, доколку немате вселенски костум. Можеби сметате...

Комета ќе помине покрај Земјата за Нова година. Не, не е знак за апокалипса

Доколку сте воодушевени од новогодишните огномети, пробајте да гледате утре вечер подолго во небото бидејќи постои огромна можност да видите комета која поминува околу Земјата секои пет години! Кометата, наречена „Comet 45P/Honda-Mrkos-Pajdušáková“, е поставена да се појави некаде во близина на полумесечината на 31 декември. За жал, освен со телескоп нема да е видлива со голо око. Додека кометите историски се сметаат...

„NASA“ прес за „Еuropa“ вечерва во живо

Почитувани читатели сакаме да ве известиме дека вечерва со почеток во 20:00 часот НАСА ќе има прес конфернција на која ќе ги презентира новите откритија за изненадувачката активност на Европа – една од многуте месечини на Јупитер, поконкретно докази за подземни океани. Оваа замрзната месечина се смета за еден од најдобрите кандидати за вонземски живот во нашиот Сончев систем, што го...

Што ќе се случи ако се олади јадрото на Земјата?

Веројатно ви е познато дека најжешкото место на Замјата е нејзиното јадро. Според сеизмолошките истражувања, јадрото е сместено во самиот центар на планетата и има радииус од околу 1220 километри. Се состои главно од легура од никел и железо. Јадрото е исто така многу густо, што значи дека содржи и големо количество на други тешки метали и многу малку...

Роверот „Curiosity“ ги пронајде првите докази за пукнатини од кал на Марс

Новите слики од роверот на НАСА „Curiosity“ на Марс го откриваат првиот знак за пукнатини од кал на површината на Марс, овозможувајќи им на научниците уште повеќе докази дека на црвената планета некогаш имало вода, што значи потенцијално може да имало живот. Доколку претчувството на агенцијата е точно, овие карпести формации некогаш биле пукнатини од кал, антички остатоци кога Марс...

Вечерва на небото – „Црна месечина“

Жителите на западната хемисфера, овој петок вечер (30-ти септември), ќе бидат сведоци на ретка астрономска појава - „црна месечина“. За да ја видат истата појава, жителите од другата половина од светот ќе треба да почекаат до следниот месец. Постојат повеќе дефиниции за „црната месечина“. Според едни, црна месечина се јавува на секои 19 години, кога во месец февруари нема да се...

Што би се случило доколку астероид удри во нашиот океан?

Кога ќе помислиме на тоа како би изгледал еден удар од астероид на Земјата, сите ние замислуваме катастрофална смрт и уништување што би резултирало доколку некој камен од вселената би паднал во некој голем град или урбана средина. Но, со оглед на тоа што 70 проценти од светот е покриен со вода, поголема е веројатноста некој астероид да удри некаде...

Астрономите во потрага по мистериозниот убиец на галаксиите

Во вселената во моментов владее мистериозна епидемија. Галаксиите умираат прерано - исчезнуваат од необјасливи причини. Кој, или што ги убива сите тие галаксии? Астрономите бараат одговор. Во новата студија, научниците од Меѓународниот центар за радио астрономија (ICRAR), тврдат дека отстранувањето на гас од галаксиите е многу пошироко распространет процес отколку што досега се мислеше. Прегледот на околу 11.000 галаксии покажува дека...

Колкава е температурата во вселената?

На повеќето од нас им е познато дека температурите во вселената се екстремно студени, но колку точно изнесува температурата во вселената? Тешко е да се сумира одговорот на ова прашање бидејќи температурата варира во различните области. Така, иако вселената е составена од разни планети и ѕвезди, кои достигнуваат температури над илјада (понекогаш и милион) степени, поголемиот дел од неа...

Зошто астронаутите се враќаат со изменети очи?

Погледот одблиску на животот на астронаутите дава сосема нов увид во здравствените проблеми со кои се соочуваат „вселенските патници". Еден од проблемите е деформација на очите, што предизвикува прогресивно влошување на видот. Многу астронаути кога ќе се вратат на Земјата по долг престој во вселената имаат проблеми со видот, но по неколку години набљудување и истражување, научниците веруваат дека ја пронашле...

Откриен елементот кој недостасуваше во Земјиното јадро

Општо познато е дека најскриениот дел од земјата е направен главно од железо (околу 85%), а присуството на никел е околу 10%. Мистерија е кој е составот од останатите 5% . Јапонски научници веќе со децении трагаат по елементот што недостига во јадрото на Земјата, а сега веруваат дека го утврдиле идентитетот на елементот кој, освен железото и никелот, сочинува...

Научниците откриле пукнатина во магнетниот штит на Земјата

Земјата е погодна за живот благодарение на широкото макнетно поле што ја опкружува планетата, што ја штити од опасните соларни ветрови и космичката радијацијата. Но, научниците што ја истражуваат една од најмоќните геомагнетни бури во поновата историја, откриле дека нашата заштитна бариера не е толку цврста како што се мислеше и откриле пукнатина во магнетосферата. Истражувачите ги анализирале податоците добиени од...

Најново од Енаука.мк

Oтсега ќе може да се дипломира на студии за марихуана

„Кога ќе слушнат што е мојата професија, многу луѓе ќе речат: Леле, пријателе. Ќе добиеш диплома за одгледување на марихуана “, изјави Алекс...