Блескави дијаманти на небото

Поединечните ѕвезди, односно ѕвездените системи со само една ѕвезда која гравитациски не е поврзана со други ѕвезди, се често занемарени во однос на нивните поголеми космички системи. Но, кога ќе ги здружат силите, тие создаваат неверојатни глетки кои ги засенуваат дури и најсјајните маглини или галаксии.Оваа фотографија од телескопот „Хабл“ го покажува ѕвезденото јато „Trumpler 14“ - една од...

Научниците мислат дека постои уште еден универзум каде времето се движи наназад

Два одделни тимови на физичари го испитувале текот на времето во универзумот и предлагаат дека пред околу 14 милијарди години, Големата Експлозија (Биг Бенг) предизвикала создавање на втор инверзен универзум, кој го нарекуваат универзум-огледало, каде што времето се движи во спротивна насока, односно наназад наместо нанапред.Во суштина, доколку ние го гледаме времето во универзумот-огледало, ќе го гледаме како се...

(ВИДЕО) Приватната компанија „Blue Origin“ по втор пат успешно ја призејми својата ракета

Во петокот, на 22-ри јануари, приватната компанија „Blue Origin“ на милијардерот Џеф Безос (основачот на Амазон), успешно ја лансираше и ја призејми својата ракета за повеќекратна употреба - по втор пат! Со тоа, оваа компанија влезе во историјата како прва која успеала успешно да слета истата ракета два пати.Ракетата наречена „New Shephard“ се’ уште не е способна за извршување...

Откриена нова масивна планета на крајот на Сончевиот систем?

Мајк Браун од Калифорнискиот иститут за технологија - астрономот кој го предводеше истражувањето од 2005 година кое го деградираше Плутон во џуџеста планета, сега вели дека постојат докази за постоењето на огромна ледена планета на работ на Сончевиот систем, веднаш после Нептун.Новата планета, која моментално е наречена Планета девет, се чини дека кружи околу Сонцето по издолжена орбита за...

НАСА бара помош за дизајнирање на првиот вселенски робот

Не се случува често најистакнатата вселенска агенција да упати повик за идеи како да дизајнира робот, па затоа кога такво нешто ќе се случи, тоа заслужува внимание.НАСА бара идеи за дизајн на лебдечкиот робот Астроби кој моментално го развива. Се очекува роботот, кој е во форма на коцка, да биде лансиран идната година и да изведува рутински задачи на...

За прв пат после 10 години – Порамнување на 5 планети

За прв пат после повеќе од 10 години, ќе имаме можност да видиме необичен феномен - порамнување на Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн.Порамнувањето започна денес (среда, 20 јануари) и можеше да се види во Велика Британија и Австралија околу еден час пред изгрејсонце, и ќе трае се до крајот на февруари. Астрономите велат дека најдобро ќе може да...

Кина ќе ја истражува темната страна на Месечината

Кина објави дека ќе испрати сонда на Месечината, за да ја истражува лунарната територија која досега не е видена одблиску од човечко око.Според државната новинска агенција „Ксинхуа“, Кина ќе ја испрати сондата „Chang'e-4“ на  темната страна на Месечината во 2018 година.Иако темната страна на Месечината беше набљудувана и снимана од орбитата, сепак, досега не е истражувана од астронаути,...

Првото цвеќе во вселената

Благодарение на вселенската градина со микрогравитација, наречена „Veggie“, после првата зелена салата во вселената, сега астронаутите од Меѓународната вселенска станица го одгледаа и првото цвеќе во вселената.Астронаутите ги засадиле цвеќињата кон крајот на минатата година, но по две недели се соочиле со проблеми поради големиот внатрешен притисок. Токму кога се чинело дека ќе умрат, Скот Кели, астронаутот на НАСА,...

(ВИДЕО) „Space X“ не успеа да ја призејми ракетата на подвижна платформа

По минатонеделната најава дека компанијата „Space X“ ќе се обиде по втор пат успешно да лансира и да призејми дел од ракета, но овој пат на подвижна платформа поставена во Тихиот океан, компанијата штотуку објави не успеала во тоа. http://scontent-vie1-1.cdninstagram.com/hphotos-xpt1/t50.2886-16/12560150_1553924228264185_2124769001_n.mp4       Компанијата „Space X“ успеала успешно да ја лансира ракетата од воздухопловната база „Vandenberg“ во Калифорнија (чија цел беше едниот дел да...

Запознајте ги астронаутите – кандидати за на Марс

2015-та беше година на извонредни вселенски истражувања. НАСА  (меѓу другите значајни достигнувања) ги објави плановите да испрати луѓе на Марс до 2030 година, а потоа го „запали“ интернетот кога ги повика луѓето да се пријават за тој пат.Но, она што е можеби помалку познато е дека последната класа астронаути на НАСА регрутирани во 2013 година кои веќе се обучуваат,...

Откриени два вида мраз на површината на кометата 67П/ Чурјумов-Герасименко

За прв пат, научниците потврдија дека на површината на легендарната комета 67П/ Чурјумов-Герасименко се идентификувани големи замрзнати пукнатини, што претставува решение на неколкумесечната мистерија за тоа зошто беше идентификувана вода на секое друго место на кометата, освен нејзината површина. Ова е возбудливо откритие бидејќи овозможува увид во динамиката на слоевите на кометата и нивната еволуција.Во 2014 година, оваа комета...

Математичар предложи начин за креирање и манипулирање на гравитација

Неодамна, излегоа гласини дека научниците конечно детектирале гравитациони бранови, предвидени од Ајнштајн уште пред 100 години, и дека наскоро нивните наоди ќе бидат објавени за пошироката јавност.Досега, нашето разбирање за тоа како гравитацијата влијае на универзумот беше ограничено на набљудувања на природните гравитациони полиња создадени од далечните ѕвезди и планети. Всушност, гравитацијата е последната од четирите фундаментални сили...

НАСА формираше оддел за планетарна одбрана

НАСА формираше ново тело за да ги надгледува своите тековни напори за детектирање и следење на објекти во близина на Земјата. Се работи за координативен оддел за планетарна одбрана кој ќе ги контролира сите проекти финансирани од НАСА за идентификување и анализирање на секој астероид или комета која поминува во близина на орбитата на Земјата околу Сонцето.Од 1988 година,...

SpaceX лансира во недела и ќе призејмува на платформа во море

Приватна компанија објави дека ќе се обиде да го повтори истиот успех, но овој пат ракетата Фалкон 9 ќе ја спушти на далечински контролирана платформа поставена во море.Само еден месец по историскиот успех што го постигна со лансирањето на ракета во вселената и успешното призејмување на едниот нејзин дел, компанијата „СпејсЕкс“ е на прагот на нов рекорд.Компанијата планира да...

Стивен Хокинг објави ново решение за парадоксот на црните дупки

Минатата година, британскиот теоретски физичар Стивен Хокинг го најави истражувањето на кое работеле тој и неговите колеги и кое може да го реши проблемот за фамозниот парадокс на исчезнување на информациите во црна дупка.Сега, тоа истражување конечно е објавено на интернет, и како што најави Хокинг, решението на овој парадокс може да се „влакната“ на црната дупка кои...

Шест научни мистерии што може да се разјаснат во 2016 година

И покрај огромниот напредок на науката, сѐ уште постојат многу научни мистерии - почнувајќи од потеклото на животот, па се до судбината на универзумот. 2015-та беше одлична година за науката: видовме слики од џуџестите планети и доказ за постоење на течна вода на Марс, а бевме сведоци и на договорот за климатските промени.Но, што може да се очекува на...

Села на Месечината до 2030 година?

Села на Месечината направени од 3Д печетени живеалишта, наменети за астронаутите веројатно ќе станат реалност во следната деценија. Ова е заклучокот од неодамнешната конференција на 200 научници, инженери и индустриски експерти. Европската вселенска агенција (ЕВА), на својот Симпозиум за Месечината 2020-2030 во Холандија, минатиот месец објави дека изградбата на овие лунарни бази би можела да започне за помалку од пет...

Наскоро сите ќе може да го посетиме Марс – преку виртуелна реалност

Проектот „Искуство на Марс 2030“ е соработка помеѓу НАСА, каналот за дигитални вести „Fusion“ и лабораторијата за вселенски системи на МИТ, кој ќе дебитира во март на фестивалот „South by Southwest“ кој се одржува во Тексас секоја година. Овој проект ќе овозможи виртуелно искуство на Марс кое ќе биде засновано на податоците кои НАСА досега ги има за планетата,...

Целиот Универзум на една фотографија

Ова е илустрирана концепција на Универзумот со Сончевиот систем во центарот, создадена од страна на уметникот Пабло Карлос Будаси врз основа на логаритамски мапи на Универзумот, создадени од истражувачите на Универзитетот Принстон, како и врз основа на фотографии од телескопите на НАСА. Истражувачите од Принстон, предводени од астрономите Џ. Ричард Гот и Марио Јуриќ ги создале логаритамските мапи на Универзумот...

10-те најголеми вселенски достигнувања во 2015 година

Благодарение на мисиите на НАСА и Европската вселенска агенција, кои беа планирани и имплеметирани пред десетина години, 2015 година беше исклучително успешна кога се работи за вселенските истражувања. Еве ги десетте најинтересни настани од оваа област кои ја одбележаа 2015 година. 1. Прелетувањето на „Нови Хоризонти“ на ПлутонВеројатно едно од најголемите достигнувања од оваа област на годината, ако не и на...

НАЈЧИТАНИ