Тинејџер ја објаснува Ајнштајновата теорија на релативност

Објаснувањето на нешто толку комплицирано како што е Ајнштајновата теорија на релативноста, не мора да биде досадно, како што ни покажува младиот Рајан Честер во неговото видео. Ајнштајновата теорија вели дека вашето искуството кога се движите и мирувате целосно зависи од референтната рамка. Секако дека може да мирувате речиси насекаде, но не заборавајте дека и кога мирувате всушност се вртите...

Што ќе носат астронаутите на Марс?

НАСА прикажа слики од прототипот на усовршениот модел на „Z-2“ вселенско одело што ќе го носат астронаутите што ќе патуваат на Марс. Ова одело е наменето да се користи само за една цел, а тоа е да им овозможи на астронаутите да се движат и да ја истражуваат планетата. Оделото нема да се носи за време на движењата во вселената...

Решена мистеријата за недостигот на хемиски елементи на Месечината?

Сличностите во геологијата на Земјата и Месечината ја поддржуваат идејата дека тие имаат заедничко потекло. Според хипотезата, Месечината се формирала пред околу 4,5 милијарда години кога една планета што астрономите ја нарекуваат „Theia" се судрила со раната прото-Земја. При судирот, „Theia" и поголемиот дел од прото-Земјата се претвориле во магма. Остатоците од судирот биле исфрлени далеку во вселената при...

Снимена нaјголемата експлозија после Биг Бенг

Галактичкото јато, што на оваа слика е обоено во сина и флуоресцентна розева боја, е местото каде се одвива најмоќната експлозија после Биг-Бенг. Оваа експлозија се одвива континуирано во последните 100 милиони години и ослободува енергија колку стотици милиони блесоци од гама зрачење. Експлозијата ја создава најголемата црна дупка од познатиот универзум, која е 10 милијарди пати поголема од масата...

Светот се подготвува за соларна катастрофа

Секоја секунда, Сонцето исфрла субатомски честички во форма на соларни ветрови со брзина поголема од 1 милион километри на час. Вообичаено, магнетното поле на Земјата го одбива поголемиот дел од нив, како што може да забележите на сликата.   Но, доколку многу моќни соларни ветрови се упатат кон нашата планета, лесно ќе го пробијат магнетното поле, ќе ги изгорат...

Научниците го открија клучниот ген за одгледување храна во вселената

Ако се примени и на други растенија, овој ген би можел да биде клучниот фактор што ќе им овозможи на растенијата да преживеат во вселената, како на Меѓународната вселенска станица (МВС) или дури и во затворените живеалишта на Марс.Билката за која станува збор се нарекува „Nicotiana benthamiana“ (Бентамов тутун). Проучувајќи ги фосилните записи нучниците откриле дека билката опстојува во...

НАСА објаснува што се случило со Марс

Истражувачите на НАСА објавија дека атмосферата на Марс била отстранета од страна на соларните ветрови во раните денови на Сончевиот систем, што предизвикало планетата да се исуши.Соларните ветрови излегуваат од Сонцето со брзина од околу 1,6 милиони километри на час. За среќа, нашето магнетно поле ја штити Земјата од нив. Марс порано имал магнетно поле, но како што планетата...

Портрет на нашиот Сончев систем

Запознајте го нашето планетарно семејство! Овие фасцинантни слики се направени од  многубројните вселенски мисии во последните децении. Сонцето Во центарот на нашиот планетарен систем се наоѓа нашата локална ѕвезда - Сонцето. Тоа е тип Г ѕвезда, каде се одвива процес на фузија на водород и хелиум во нејзиното јадро на температура повисока од 16.000.000 степени Целзиусови. Сликата е направена на 10 октомври...

Меѓународната вселенска станица прослави 15 години

Меѓународната вселенска станица (МВС) - една од најголемите инженерски потфати во човечката историја, орбитира на 400 км. над Земјата од 1988 година, но се до 2-ри ноември 2000 година била без постојан човечки екипаж. Кога првите астронаути пред 15 години пристигнале на МВС, таа се состоела само од три модули со големина на соба. Денеска, МВС претставува вселенска лабораторија...

Астрономите откриваат: Што би можело да се случи со Земјата кога Сонцето ќе стане бела џуџеста ѕвезда?

Истражувањето објавено во „Nature“, се додава помеѓу големиот број на истражувања кои тврдат дека џуџестите ѕвезди може да имаат атмосфера загадена со тешки елементи- во некои случаи конституенти на вода. Знаењето дека планетите можат да бидат изворот на такво загадување ја поткрепува хипотезата која вели дека водата на Земјата била депонирана од карпести тела од далечни региони во нашиот...

Звукот сепак може да патува низ Универзумот

Веројатно сте слушнале и порано дека ако викате во вселената никој не може да ве слушне, бидејќи звукот не се движи во вакуум. Со други зборови, звукот не може да се пренесе во вселенскиот вакуум затоа што не постојат молекули низ кои звучните бранови би можеле да се движат. Сепак, ова не е целосно точно. Вселената не е потполно празен простор,...

Русија објави дека ќе испрати луѓе на Месечината

Во вторникот, на конференцијата за вселена и технологија во Москва, шефот на Роскосмос - руската верзија на НАСА, објави: „Летови со човечки екипаж и слетувања на Месечината се планираат за 2029 година“.На ова се придружува и Европската вселенска агенција, која минатата година направи историски чекор со спуштањето на вселенско летало на комета (67П/Чурјумов-Герасименко).„Нашите амбиции се да имаме европски астронаути...

Микроорганизми на Меѓународната вселенска станица

НАСА и нејзините партнерски агенции преземаат силни мерки за да ја редуцираат можноста микроорганизмите да се пренесат на МВС преку товарот што пристига на станицата. Но, сепак, самата станица шест месеци претставува дом на шест лица и нивните микроорганизми, кои преку нивните секојдневни активности се исфрлаат и може да ја контаминираат нивната изолирана средина.За да откријат со какви микроорганизми...

Планетарен танц на Марс, Венера и Јупитер

Се разбира, тие всушност ќе бидат одделени милиони километри, но гледано од Земјата, нивните орбити ќе изгледаат усогласено - глетка што со сигурност ќе ги воодушеви астрономите. Поради различните брзини на орбитирање, вакво нешто нема да се случи до 2021 годинаВенера и Јупитер ги достигнаа своите најблиски точки во понеделникот наутро, но д-р Масгрејв вели дека тие ќе останат...

Ѕвезди што се допираат

Овој систем, кој е наречен „ВФТС 352“, се наоѓа на оддалеченост од околу 160.000 светлосни години и претставува најжешкиот и најмасивниот двоен ѕвезден систем  откриен досега.Системот „ВФТС 352“ се наоѓа  во маглината Тарантула, област што е најактивна во формирањето на ѕвезди во локалната група на галаксии во кои спаѓа и Млечниот пат.Според истражувачите, двете ѕвезди орбитираат околу себе за...

НАСА со конкретен план за освојување на Марс

Во таа насока вселенската агенција го објави својот план од три фази, со кој треба да се реализира првата мисија со човечки екипаж на Марс,  планирана за 2030 година.Првата фаза (којашто се нарекува Earth Reliant), веќе е во тек и ги опфаќа истражувачките проекти што се одвиваат на Меѓународната вселенска станица (МВС), за да се види како долгорочниот престој...

Кина веќе 2 години има телескоп на Месечината

Повеќето од нас за прв пат ја слушаат оваа вест, што е одлична, бидејќи телескопот може да набљудува многу работи што не се видливи од густата атмосфера на Земјата.Месечината, исто така, ротира многу побавно од Земјата (поточно околу 27 пати) што значи дека телескопот може да набљудува една иста ѕвезда со денови, што е невозможно тука на Земјата.Телескопот е...

Јупитер каков што не сте го виделе досега

Ова се првите резултати од програмата за истражување на надворешните планети на Сончевиот систем. Програмата вклучува набљудување на широк спектар на карактеристики, вклучувајќи ги и ветровите, облаците, бурите и атмосферската хемија.  

Што сè досега научивме за Плутон?

За време на оваа средба, собрани се повеќе од 1.200 слики и десетици гигабајти на податоци. Интензивното преземање на информациите започна на 5 септември и ќе продолжи уште околу една година. Со оглед на тоа дека ќе ги добиеме сите податоци во текот на следнава година, сè уште имаме уште многу да учиме за Плутон. Еве што знаеме досега:Срцето на...

Што би се случило со нашиот мозок ако живееме на Марс?

Како што се објаснува во последната епизода на „BrainCraft“, атмосферата на црвената планета ја сочинува 95,97 проценти јаглерод диоксид и е околу 80% поретка од атмосферата на Земјата, што значи дека практично ќе живеете во вакуум.Ако се изложите на атмосферата на Марс, уништувачката осаменост ќе ви претставува најмала грижа, бидејќи солзите, плунката, влагата во кожата и течноста во белите...

НАЈЧИТАНИ