Чекор над ДНК: епигенетика и нејзината историја (Втор дел)

Модерна Епигенетика

Модерната епигенетика ги изучува метилацијата на ДНК молекулата (додавањето на -CH3 метилни групи), хистоните и нивните модификации, и некодирачките РНК молекули.

Заедно, овие механизми ги координираат сложените регулаторни механизми кои ја контролраат експресијата на геномот (за да се контекстуализира ова, барем и на основно ниво, потребно е да се има базично познавање од централна догма на молекуларната биологија која ги објаснува постулатите на генска експресија).

Има се поголеми докази дека самата молекуларна околина има големо влијание врз нарушувањето на овие епигенетски маркери, и идејата дека епигенетиката можеби и е манифестација низ која се валидира Ламарковата идеја за наследство е нешто што е присутно во научните кругови.
Метилација на ДНК

Конкретен пример за метилација на ДНК е инактивирањето на вториот Х хромозом кај жените, кој е систематски “исклучен“ за време на ембрионалниот развој. Метилните групи можат најчесто да се најдат во таканаречените CpG острови.

Хистони и модификации на хистони

Хроматинот е комплексната “спакувана“ или компактна структура формирана преку интеракција на ДНК со хистоните (т.е протеинските делови кои ги градат хистоните). Хистоните можат да бидат исто така модифицирани преку ацетилација, цитрулинација, метилација и фосфорилација на нивните амино киселини. Се смета дека релаксираниот (еухроматин) и затегнатиот (хетерохроматин) хроматин кои можат да резултираат од овие модификации, и како такви исто така ја модулираат генската експресија.

Некодирачка РНК

Поимот некодирачка РНК и сите нејзини подкласи, се однесува на РНК молекулите кои не кодираат протеини. За разлика од метилацијата, некодирачките РНК не е директна ДНК модификација, но сепак заслужува да се најде меѓу групата на епигенетски промени затоа што можат да ја регулираат генската експресија притоа не менувајќи ја секвенцата на ДНКта.

Класичен пример за ова е механизмот на РНК – интеференција каде мали РНК молекули се врзуваат со хомологни mРНК молекули, неутрализирајќи ги притоа спречувајќи ја транслацијата на протеинот.

Поддржете ја нашата работа: