Чоколадна пилула против деменција

На пазарот во Велика Британија е претставена нова пилула против деменција, направена исклучиво од чоколада, откако беше утврдено дека какаото го подобрува протокот на крв.

Оваа пилула помага да се намали ризикот од срцев, мозочен удар и деменција и сега е достапна во Британија.

Флаванолите добиени со екстракција од какаото, помагаат во борбата против холестеролот и го подобруваат протокот на крв. Но, за да ја достигне ефективата доза, човек би требало да изеде околу 400 грама црна чоколода, што изнесува 2.429 калории.

Сега, една пилула содржи концетрирани антиоксидативни хранливи материи во најчиста форма.

Пилулата  е наречена „Бладфлоу +“ (BloodFlow+) и е наменета за лицата кои имаат срцеви проблеми.

Истражувачите од Кралското здружение за хемија докажале дека флаванолите поагаат во создавањето на азотен оксид кој поттикнува опуштање на мускулатурата во ѕидот на артериите.

Европската дирекција за безбедност на храната (EFSA)  прифатила дека  овој лек го подобрува протокот на крв и преносот на кислород и хранливи материи во телото.

Во моментов и научниците од САД ги проучуваат придобивките од флавинолите од какаото, за кои се смета дека ја  подобруваат еластичноста на крвните садови за 23 проценти.

 

 

Поддржете ја нашата работа: