Чоколадото и депресијата одат рака под рака

Мислите дека јадете чоколадо бидејќи тоа е многу вкусно? Новата студија вели дека причината за тоа дека јадеме повеќе чоколадо е малку различна. Истражувањето, објавено денес во списанието American Medical Association, ја пронајде врската помеѓу зголемената потреба за чоколадо и депресијата. За чоколадото се мисли дека има влијание на расположението кај луѓето и многу студии досега проучуваа колку вистина има во тоа.

Резултатите од најновата студија сега покажуваат дека луѓето кои страдаат од депресија, конзумираат значително повеќе чоколадо отколку лицата без симптоми на депресија. Врската помеѓу расположението и депресијата е специфична повеќе за чоколадото отколку за другите видови на храна кои би можеле да влијаат на расположението, како што се кофеинот, мастите, јаглени хидрати и енергетската храна (а сите воглавно се состојки на чоколадото).

“Нашата студија го потврдува сомневањето дека луѓето јадат повеќе чоколадо кога се чувствуваат тажни”, вели професорот Беатрис Голомб од УЗ Сан Диего Факултетот за медицина.

Студијата само покажува дека постои врска, но не објаснува зошто. 930 лица од сите кои учествувале во студијата, кои не земале антидепресиви, не биле следени во одреден период, и затоа не е познато дали јадењето чоколадо го намалува или брише тажно расположение.

Научниците велат дека се отвараат многу можности за користење на чоколадото како природен лек за депресија, до идејата дека тоа може да има извесна улога во управувањето со депресијата. Ако чоколадото навистина влијае на подобрување на расположението, луѓето би можеле да ја користат како третман. Она што е познато е дека чоколадото содржи стумуланси кои можат да го подобрат расположението.

Но, овие состојки се содржани во мали количини од кои некои се многу ниски за да предизвикаат било каков ефект. Состојките во чоколадото, сепак можат да го зголемат нивото на серотонин.

Чоколадото само по себе може да го подобри расположението, но другите состојки кои му се додадени во текот на производството како вештачки транс масти можат да го влошат ефектот. Потребни се повеќе студии за прецизно да се одреди како чоколадото влијае на расположението и дали навистина директно влијае на депресијата.

Поддржете ја нашата работа: