Човек кој бил прогласен за мртов оживеа само еден час пред обдукција

СПОДЕЛИ

29-годишниот Гонзало Монтоја Хименез од Шпанија, кој служел затворска казна, беше пронајден во неговата ќелија без знаци на живот. Потврдена е смрт од страна на двајца дежурни лекари кои го прегледале телото.

Еден час подоцна, за мртвото тело просведочила и судската медицина. Дури после четири часа, непосредно пред самата обдукција, патолозите слушнале звуци кои доаѓаат од мртовечката вреќа.

Итно бил префрлен во друга болница на интензивна нега, каде било потврдено дека неговата здравствена состојба е стабилна. Од затворот не знаат да објаснат што се случило бидејќи смртта на затвореникот била потврдена од тројца лекари.

Интересно е тоа што, дента пред да биде пронајден „мртов“, затвореникот се жалел дека се чувствува болно и имал знаци на цијаноза – виолетова нијанса на кожата предизвикана од слаба циркулација или недостаток на кислород.

Надлежните лица од болницата за шпанските медиуми изјавиле дека лажната смрт би можела да биде случај на каталепсија, кога телото е во состојба на транс или конвулзија, што резултира со губење на свеста и сензацијата, како и со физичка ригидност т.е вкочанување.

Неговото семејство велат дека тој боледувал од епилепсија, но и дека се сомневаат дека во затворот редовно земал лекарства.

 

Дискусија

Коментари