Д-р Митов: Високиот притисок е порака која гласи: „Смени ја исхраната веднаш!”

СПОДЕЛИ

Високиот крвен притисок е тивок убиец. Ќе повторам: високиот притисок убива.


Има барем две причини зошто не го сфаќаме овој здравствен проблем доволно сериозно: прво, бидејќи е многу застапен, па помалку се плашиме. Или со други зборови, наоѓаме утеха во тоа дека „и многу други луѓе имаат висок притисок”. Во тој случај треба да се потсетиме дека речиси две третини од луѓето во Македонија умираат од кардиоваскуларни болести и да се запрашаме: сакам ли и јас да бидам дел од таа статистика?

Второ, високиот притисок најчесто не дава симптоми. Токму заради тоа може и да не знаеме дека го имаме, или пак да си мислиме дека штом не ме боли ништо – не е страшно. Тој став многумина го имаат платено со живот.Пак да се потсетиме – високиот притисок убива.

Што треба да направи човек со висок крвен притисок?

Да пие лекови?! Има нешто и пред тоа. И според Американскиот колеџ по кардиологија, и според Американската асоцијација за срце (и според речиси сите релевантни национални и интернационални институции во светот) најпрво треба да направиме промени во животниот стил. Високиот притисок е порака која гласи: „Смени ја исхраната веднаш!”.

И второ, треба да ја зголемиме физичката активност. Секако, ако и едното и другото не помогнат (малку веројатно) – тогаш слободно можеме и треба да преминеме на лекови. Но, само откако сме направиле неколкукратни сериозни обиди да промениме нешто во нашиот живот.

Што ако сме го прескокнале првиот чекор и веднаш сме почнале се лекови? Нема проблем – никогаш не е доцна за да си ја промениме исхраната! Секогаш имаме избор. И здравјето е избор!

Дискусија

Коментари