Дали би сакале да го испратите своето име на Марс? Еве како да се пријавите

Кога роботизираното возило на НАСА InSight, ќе пристигне на Марс во ноември 2018та, со себе ќе понесе имиња од стотици илјади луѓе од Земјата.

НАСА тврди дека од 2015та година, 827.000 лица веќе потпишале за да се додадат нивните имиња на силиконскиот микрочип кој ќе се наоѓа на роботот. Сега НАСА испраќа уште еден микрочип, и со тоа им дава шанса на многумина да го испратат своето име на Марс.

Новите имиња се прифаќаат и од тука, до 02 ноември 2017та година, до 06:59 часот, или до 01 ноември 23:59 часот по источно-америкаско време.

InSight ќе носи имиња и неколку научни инструменти, и ќе биде прва мисија која длабоко ќе ја истражува внатрешноста на Марс. Лансирањето е закажано за мај 2018та година од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија.

“Марс и натаму продолжува да ги возбудува вселенските ентузијасти од сите возрасти”, вели главниот научник на InSight, Брус Банерд. “Ова им овозможува да станат дел од вселенското летало кое ќе ја истражува внатрешноста на Црвената планета”.

Заедно со можноста да го испратите своето име на друга планета, ќе добиете и ‘frequent flyer’ бодови кои ќе се однесуваат на вашето учество во истражувањето на Марс.

Тие бодови исто така се однесуваат и на повеќе мисии и ќе траат повеќе децении, а корисниците можат да го превземат својот ‘boarding pass’, со цел да ги видат своите ‘frequent flyer’ километри.

После InSight, следна можност за добивање ‘frequent flyer’ бодови ќе биде мисијата Exploration Mission-1 на НАСА, во која за прв пат ракетата Space Launch System и вселенскиот брод Orion заедно ќе отпатуваат илјадници километри позади Месечината како дел од подготовката за човечки мисии на Марс и подалеку во вселената.

Поддржете ја нашата работа: