Дали чувството за мирис е виновно за вашата дебелина?

Без мирис, храната станува невкусна и блуткава, а мирисот може да влијае и на вашиот метаболизам. Истражувачите откриле дека глувците без чувство за мирис губат тежина, додека оние со поразвиено чувство за мирис стануваат дебели кога се хранат со храна богата со масти, но не од причина која ние би ја претпоставиле.

Постојат голем број на студии кои ги поврзуваат чувството за мирис и исхраната, а некои од нив укажуваат на тоа дека нашето чувство за мирис станува посилно пред оброк, а се намалува после јадење. Оние кои пробале да јадат со блокиран нос, се свесни како на тој начин оброкот станува невкусен.

Откако на глувците со генетски инженеринг им е одземен мирисот, тимот на истражувачи установил дека глувците изгубиле на тежина во споредба со глувците кои јаделе иста храна. Најпрво мислеле дека тоа е така затоа што уживањето во храната изгубило интензитет. “Постои позната врска помеѓу внесот на храна и чувството на мирис”, вели Ендрју Дилин, главен автор на студијата, објавена во списанието Cell Metabolism.

Но, кога научниците детално ги погледнале колку двете групи конзумирале храна, пронашле нешто што ги шокирало – двете групи јаделе еднаква количина на храна. Додека контролираната група била хранета со полномасна храна, глувците се дебелееле, а оние од групата на која им било одземено чувството за мирис изгубиле просечно 16% од својата тежина.

Кога споредиле два вида на глувци, откриле драматични разлики во видот на масти кои глувците ги имале. Во телото на глодарите, како и во нашето, постојат два вида различни масти, кафеава и бела.

Општо земено, белата маснотија се насобрала околу стомакот и нозете, додека кафеавата гори со цел да произведе топлина. Луѓето имаат доста бела и малку кафеава маснотија, додека глувците имаат доста кафеава маснотија со цел да ја одржат телесната температура. Тие откриле дека глувците без чувство на мирис согоруваат повеќе калории. Исто така заклучиле дека ја претвораат белата маст во кафеава.

Интересно, кај глувците откриле пораст во лачењето на адреналин, кои обично се произведува како реакција на екстремни услови, како студ. Тие мислат дека би можела да постои врска помеѓу системот за мирис и производството на адреналин, која ги поттикнува глувците да согоруваат повеќе масти за да ја одржат својата телесна температура.

Откриле и дека доколку го подобрат мирисот на глувците, наместо да го отстранат, тие ќе се здебелат многу повеќе, бидејќи согоруваат помалку калории. Истражувачите планираат да направат повеќе тестови за да можат да ја откријат и врската помеѓу мирисот и адреналинот.

Поддржете ја нашата работа: