Дали e времето човечка конструкција ?


Но и покрај тоа што го мериме времето најточно од се друго на Земјава, што точно претставува времето се’ уште не знаеме – вели Том О`Брајан од Националниот Институт за стандарди и технологија во Колорадо, САД, кој е официјален американски „мерач“ на времето.

Мое лично мислење – додава тој – е дека времето е човечка конструкција. Деновите, часовите, минутите и секундите се само начин човештвото да стави некаков ред во овој фасцинантен комплексен универзум што не опкружува. Можеби затоа што не го разбираме времето, постојано се трудиме да го измериме што попрецизно. Но, таквата желба да се дофати нешто толку недофатливо може во скоро време да го „расипе“ времето какво што го познаваме. Следната генерација на часовници, нема да го покажува времето како што повеќето луѓе го разбираат.

Нов часовник

Во околината на Универзитетот во Колорадо се наоѓа дури и попрецизен часовник од оној што О`Брајан го надгледува. Подрумската лабораторија во која е сместен, е вистински хаос. Кабли висат од таван и се распослани по лабораториските маси, прицврстени со спојници. Овој сноп од кабли и ласери, всушност, е часовникот. Распослан е по огромна маса, а дел од него е обвиткан со нешто што наликува на станиол.
atomski saat

Во „срцето“ на новиот часовник се наоѓа елементот стронциум. Во внатрешноста на мала комора, атомите на стронциомот се подредени на „решетка“ од цик-цак ласерски зраци. Потоа истражувачите го потчукнуваат, слично како звонење на звонче. Стронциумот вибрира со неверојато брза фреквенција. Тоа е природен атомски метроном кој отчукува ситни фрагменти од секунда.

Новиот часовник може совршено точно да го мери времето 5 милијарди години. Тоа е отприлика колку вкупната старост на Земјата. Целта е да се добие часовник што со тек на време нема да изгуби ниту една секунда во универзумот.

Но, новиот часовник се соочува со голем проблем. Тоа што ние го нарекуваме време не е исто насекаде во универзумот, па дури ни на нашава планета.
Тоа е така затоа што брзината со која поминува времето зависи од јачината на гравитацијата. Ајнштајн ја открил оваа зависност како дел од неговата теорија на релативитет и тоа е многу реален ефект.

Релативната природа на времето не е нешто што се приметува само во екстремните случаи. Ако на пример, земете часовник што стоел на под и го закачите на ѕид, времето ќе се забрза за околу еден дел од 10 на шеснаеста. Ова не е само заради ефектот на гравитацијата на механизмот на часовникот. Самото време тече побрзо на ѕидот отколку на подот.

Досега овие разлики не беа многу важни. Но, новиот часовник е толку сензитивен што и вакви мали промени прават огромна разлика. Само ако го подигнете за неколку сантиметри, веднаш ќе ја забележите промената. Ова претставува проблем, бидејќи за вистински да се користи времето, требаат различни часовници за да го усогласат времето.

 

kasnenje Замислете вака: имате состанок закажан за 15:30 часот, а вие работите во простории што се четири спрата повисоко и вашиот часовник почнува да работи побрзо. Вашето 15:30 почнува порано и вие го испуштате договорениот состанок. Отприлика така функционира овој часовник. И мали промени на земјината кора можат да го изместат дури и кога е во состојба на мирување. Дури и ако се синхронизираат два часовника, поради нивните различни отчукувања тие набрзо би излегле од синхронизацијата и никогаш не би се сложиле.

Денешното мерење на времето е координирано помеѓу атомските часовници насекаде на планетава. Но тоа не може да се случи со новиот часовник.

„Одржувањето на апсолутна временска скала на времето на Земјата може да се претвори во вистински кошмар“. Единствено решение за да се одржи ваквото мерење на времето е можеби тоа да се испратат новите часовници во вселената. Далеку од земјината површина тие би биле во состојба да останат синхронизирани и веројатно би се зачувал нашиот осет за единствено време.

Сепак, колку и да се збунувачки фактите за овие часовници, тие би можеле да се искористат и за низа други намени. Мрежа од часовници во вселената би можела да биде искористена за детекција на гравитациони бранови од црните дупки и да ги истражува ѕвездите.

За крај констатацијата за новите часовници би била :

Тие можат да го променат нашиот поглед на универзумот, а можеби нема да бидат во состојба да ни кажат колку е часот.

Поддржете ја нашата работа: