Дали кинезите ќе ја усовршат нуклеарната фузија пред сите други?

Нуклеарната фузија вклучува загревање на плазма од изотопи на водород, така што тие се стопуваат во хелиум, притоа ослободувајќи големо количество на енергија. Многу физичари сметаат дека ова е „светиот грал“ за производство на евтина енергија без јаглерод. Но, за да започнат реакциите на фузија, потребни се температури 10 пати потопли од јадрото на Сонцето. А експериментите кои траат со децении допрва треба да произведат самоодржлива фузија која ќе ја генерира енергијата која е потребна за да се создадат толкави температури.

Тоа треба да го постигне Меѓународниот термонуклеарен експериментален реактор кој во моментов се гради во Карадаш, Франција. Неговата изградба веќе три пати го надмина буџетот и крајниот резултат беше одложен од 2016 до 2019 година. „Велат дека првата плазма ќе се генерира до 2020, но јас сметам дека ќе биде до 2025 година. Самоодржливата фузија најверојатно ќе се произведе на почетокот на 2030-тите години“, како што Стивен Коули, директорот на Центарот за фузија во Оксфордшир, му соопшти на Комитетот за наука и технологија на Горниот дом во Велика Британија.

Најголемата инвестиција во моментов е Кина. Кина соработува со нив во изградбата на Меѓународниот реактор, заедно со Европската Унија, САД и други, но исто така инвестира и во изградба на сопствен реактор кој ќе биде поголем и може да биде завршен до 2030-та година. Некои од партнерите се двоумеле дали да ја исклучат Кина од изградбата, но решиле да продолжат да соработуваат, бидејќи и кога би ги исклучиле, тоа би ги забавило за само неколку месеци. Во моментов, Велика Британија истражува дали вреди инвестирањето во фузијата кое изнесува 14% од трошоците на владата за истражувања.

Поддржете ја нашата работа: