Дали НАСА прикрива НЛО?

На интернет кружат гласини дека НАСА намерно ја исклучила камерата која снима во живо на Меѓународната вселенска станица (МВС), откако бил забележен мал светол објект веднаш над Земјата. Некои сугерираат (додека некои обвинуваат) дека НАСА сака да прикрие дека се работи за НЛО или големо парче од вселенски отпад за коешто агенцијата не сака луѓето да знаат.

Дали има вистина во овие гласини?

Еве што е познато: Светол објект е забележан на снимките што доаѓаат од камерата на МВС, а камерата била исклучено кратко време откако се појавил објектот (по кратко време камерата била повторно вклучена и сега работи нормално).

Меѓутоа, ваквите настани не се изненадување за сите оние што имаат и мало познавање за работата на камерите на МВС, бидејќи и двете работи се случуваат често. И претставниците на НАСА  јасно изјавија дека агенцијата не ја исклучила камерата намерно.

„МВС редовно го надминува опсегот на „TDRS“ (Tracking and Data Relay Satellites) кои се користат за испраќање и примање на снимки, гласови и телеметрија од станицата“- стои во изјавата од официјалните претставници на НАСА во соопштението што беше објавено во „Huffington Post“.

„Во снимката, секогаш кога ќе се изгуби сигналот, камерата ќе покаже син екран (што е показател дека нема сигнал) или барање за да се подеси камерата, во зависност од каде се гледа каналот, се вели во изјавата.

„Второ, светли објекти прелетуваат кон Земјата постојано. Постојат карпи во вселената кои согоруваат во атмосферата (метеори, познати и како ѕвезди што паѓаат). Остатоците од вселенските објекти направени од луѓето исто така може да согоруваат додека паѓаат низ атмосферата (вселенските агенции ги следат поголемите објекти). А тука е и можноста светлите точки да се артефакти – ништо повеќе од обична рефлексија“.

„Одблесокот од прозорците на станицата, самата структура на вселенскиот објект или светлината од Земјата вообичаено се јавуваат како артефакти на сликите и снимките од орбиталната лабораторија, исто како одблесоците што се јавуваат на сликите направени на Земјата“.

За да им стават крај на шпекулациите, претставниците од НАСА додаваат „Од МВС не се забележани неидентификувани објекти“.

Иако ова објаснување нема да биде задоволително за некои луѓе, треба да се има на ум една работа, пред  да почне да се размислува за наводниот заговор на НАСА, а тоа е дека агенцијата ја сочинуваат огромен број на луѓе. Десетици индивидуалци константно ги  надгледуват активностите на МВС (иако, како што беше спомнато, станицата регуларно губи директен контакт со агенцијата). А, едноствно, што повеќе луѓе кријат една тајна, помал е веројатноста тоа и да остане тајна.

Покрај тоа, повеќето од овие лица се научници и инженери, професионалци кои својот живот го посветиле на потрагата по вистината. Важно е да се има ова предвид пред да почне да се одмерува можноста за постоење на теорија на заговор.

Поддржете ја нашата работа: