Дали навистина може да бидете зависни од љубов?

Во бесмртните зборови на Роберт Палмер,“знаеш дека треба да се соочиш со тоа, ти си зависник од љубов”, наидуваме на некоја метафора, но научниците од Универзитетот во Оксфорд тврдат дека зависноста од љубов е всушност вистинска.

По разгледувањето на 64 студии направени за зависноста од љубов помеѓу 1956та и 2016та година, научниците не укажуваат само на очигледните сличности на сиптомите, туку ги зеле во предвид и двете форми на зависност од љубов, тесен и широк поглед на зависноста, од кои и двете се болни. Нивната студија е објавена во PMC.

Не сите психолози се согласуваат дека зависноста од љубов е вистинска болест. Тоа зависи од индивидуален став, како ги дефинирате љубовта и зависноста, додека сличните реакции кои ги манифестираат луѓето се изненадувачки. И двете се активираат во центарот за наградување во мозокот, што можат да создадат чувства на еуфорија и возбуда, а кога љубовта ќе замине, настапува очај, зависност, повлекување, опсесивно однесување и тага.

Она што научниците го нарекуваат тесен поглед на нештата укажува на најекстремните и штетни форми на љубов, и е потенцијално најзависна форма. Авторите го опишуваат тоа како ретко поврзано прашање кое може да се вмеша во секојдневието на нечиј живот. Силните желби да се биде во близина на посакуваниот објект и опсесивните постојани мисли можат да ја нарушат контролата на поединец во секојдневното однесување.

Овој вид на љубовна зависност е резултат на абнормален процес во мозокот, и произведува неверојатно силен сигнал, слично како зависност од дрога, лицето се враќа по повеќе, со цел да се почувствува исто.

Вториот тип, наречен широк поглед на нештата е препознатлив како т.н. нормална љубов, но сепак вклучува желби посилни од нормалните, иако тие можат да се контролираат. За научниците овој поглед бил потежок да го дефинираат, и затоа го набљудувале како начин при кој откако лицата ќе ги напуштат првичните емоции, настапуваат само очај и депресија.

Истражувачите откриле дека и двата вида на зависност од љубов може да бидат штетни за луѓето, бидејќи во некои случаеви предизвикуваат истите да останат во врски при нездрави односи или или да станат опседнати со несоодветни и опасни луѓе.

Поддржете ја нашата работа: