Дали постои вонземска интелегенција во нашите океани? ( Видео )

Фантастичното истражување на професорот Роџер Ханлон ( Roger Hanlon ) кој заедно со својот тим изгуби повеќе години во развој на специјална камера која може да го симулира видот на повеќе морски животни и за прв пат во нашата историја да ни овозможи поглед кон светот преку очите на повеќе различни животни ќе се преточува во интересни видеа и научни трудови кои ќе се објавуваат константно со цел да дознаеме што повеќе работи за нашата неистражена планета како и за нејзините жители.

Ова револуционерно истражување ќе ни овозможи да дознаеме многу повеќе за нашите далечни биолошки роднини и да ни станат појасни некои нивни навики и еволутивни особености кои во многу нешта далеку не надминуваат нас луѓето кои се сметаме за најнапредни суштества на планетата.

Дали ова истражување и сличните на него ќе откријат и нови видови на интелегенција за кои најчесто се размислува како за можни вонземски варијанти на различен биолошки развој, само времето ќе покаже.

Во ова воведно видео можете да се запознаете накратко за што поточно станува збор и да се воодушевите на енергијата и ентузијазмот на тимот од вистински научници.

Линк до комплетното видео со попширно објаснување за истражувањето

Поддржете ја нашата работа: