Дали температурата ги контролира масните наслаги?

На научниците веќе им е позната улогата на белото и кафеното масно ткиво во метаболизмот. Сега, едно истражување објавено во „FASEB Journal“ покажува дека мастите може да преминат од едниот во другиот вид, во зависност од температурата. Поточно, студените температури може да предизвикаат „нездравите“ бели масти да се претворат во „здрави“ кафени масти.

Масните клетки може да донесат голем број на метаболички фенотипови, во зависност од физиолошките услови и локацијата на телото. Целта на научниците е да ја контролираат оваа клеточна и метаболичка флексибилност за третман на метаболичките нарушувања поврзани со нефункционалните масти, како што е на пр. дијабетесот од тип 2.

Научниците користеле техники што им овозможувале да означат специфични клетки (недиференцирани прогенитори или диференцирани адипоцити) кај глувците пред да ги изложат на студ. Откако глувците биле изложени на студ, научниците следеле дали овие клетки се претвораат во кафени адипоцити.

Резултатите покажале дека кај класичното кафено масно ткиво, означените клетки се делеле и станувале нови кафени адипоцити.  Што значи, ова истражување покажува дека околу 30% од клетките кои се чини дека се бели адипоцити пред студот, за брзо време може да се претворат во кафени адипоцити доколку се изложат на студ.

Научниците се’ уште истражуваат дали истото се случува и кај луѓето, меѓутоа важно е тоа што наодите од ова истражување покажуваат дека студот активира клеточни механизми кои создаваат повеќе кафени масти.

Телото ги користи кафените масти за да призведе топлина и да се загрее, што значи доколку сме изложени на студ, телото ги претвора белите масти во кафени, и потоа ги троши. „Предизвикувачот“ на таа промена од бели во кафени масти претставува цел на лековите за разни болести поврзани со дебелината.

Поддржете ја нашата работа: