Дали Трамп ќе поддржи праќање луѓе на Марс?

Деновиве повеќе светски медиуми и интернет портали ја анализираат можноста за голема поддршка на новиот американски претседател Доналд Трамп за мисиите на Марс кои подразбираат испраќање на луѓе на црвената планета.

Според дел од американските аналитичари, двете скорешни средби помеѓу Доналд Трамп и Илон Маск заедно со средбата помеѓу Доналд Трамп и историчарот Даглас Бринкли, на која што како што пишува „Вашингтон прес“ се разговарало за Аполо мисијата во 1960-те години и нејзината улога во обединување и сплотување на Американскиот народ и држава.

Иако во разговорите со Илон Маск мисиите на Марс се само една од точките за која се разговарало за можното државо-приватно партнерство сепак аналитичарите сметаат дека Доналд Трамп со сигурност ќе поддржи мисија доколку таа има голема популарност во народот и ако неговата администрација процени дека таквиот потег може да им го продолжи нивниот мандат уште 4 години.

 

Поддржете ја нашата работа: