Десет начини на кои се користи изметот, а најверојатно вие не знаете

Јадеме, а потоа нашиот организам го разградува она што сме го изеле, ги апсорбира саканите хранливи материи, а остатокот се исфрла преку пот, урина и измет.

Би рекле ништо посебно. Повеќето од нас воопшто не размислуваат за нашите фекалии, но постојат луѓе кои се грижат за тоа, пишува Listverse.

Напомена: Доколку сте гадливи по природа не читајте го она што следи.

10. Традиционална медицина

Во минатото, нашите предци зависеле исклучиво од традиционални лекови, кои се состоеле од растенија, животни, минерали и магија. Некои и денес ги користат овие состојки. Така во Кина на тигарот му делувале некои од најважните состојки на традиционалната медицина, иако користат и човечки фекалии, посебно со сладок корен во склоп со традиционалната медицина.

Околу 80% од луѓето во Африка користат традиционална медицина. Во таквите третмани се користат многу животински измет, кој се применува за разни видови на болести и други проблеми.

9. Модерна медицина

Некои одредени современи третмани го вклучуваат човечкиот измет, како на пример зараза од бактеријата Clostridium difficile, потребно е да се обнови цревната флора со други добри бактерии, а тоа се прави со помош на измет од друга здрава личност.

Најголем проблем претставува внесот на потребната бактерија во цревата. Се користат неколку методи како колоноскопија, ендоскопија или клизма, а сите се сведуваат на внес на фекалии со помош на цевка низ анусот и ректалниот отвор на пациентот. Но постојат и таблети на база на замрзнати фекални состојки.

8. Барање на злато

Еден од помалку очекуваните извори на злато се нашите сопствени црева. Така барем тврди еден тим на научници од Американското хемиско здружение, кои откриле дека нашиот измет може да биде добар извор на злато, како и други вредни метали, како што се ванадиум и сребро.

7. Ѓубриво

Иако човечкиот измет, заедно со другиот отпад претставува проблем во загадувањето на питките води, особено во земјите во развој, постои време и место каде изметот не претставувал таков проблем. Конкретно во Јапонија во 17ти век. Секој облик на меѓународната трговија бил забранет, што додатно ја изолирал Јапонија и ја принудил да рециклира речиси се, вклучувајќи го и човечкиот измет, кој се собирал и продавал на земјоделците кои го користеле како ѓубриво за култури кои одгледувале. Растенијата ги јаде човекот и така внесува измет во организмот кој создава добри бактерии.

6. Сексуален фетиш

На човекот не му е потребен секс само за размножување. Секој сака сексот да му биде што поинтересен, и така доаѓаме до фетиш. Секој има нешто што посебно го возбудува, на пример стапала, студ…а постојат и лица кои посебно ги возбудува изметот. Корпофилија е службен израз за таквите случаеви.

5. Археолошки истражувања

Една од технологиите користени во археологијата е проучување на фосилизиран измет на нашите предци. Името за таквите остатоци е копролити. За откритието е заслужен Д-р. Ерик Кален, кој бил ботаничар пред да почне да се интересира за далечното минато. Копролитот се проучува со земање ДНК примерок од изметот, откако ќе омекне во посебен раствор.

4. Разрешување криминал

Постојат неколку случаеви со кои на суд како доказ е користен кучешки измет. Во еден од случаевите кои се докажани на суд, е пронајден кучешки измет кој се наоѓал на местото на случајот, а во исто време и на чевлите на злосторникот, идентичен примерок со оној на местото на чинот.

3. Храна и пијалоци

Терминот копрофагија се користи за опис за јадење на измет, а изненадувачки многу животни го прават тоа. Во одредени случаеви бебето се храни со фекалии од својата мајка. Така бебето од коњ го јаде мајчиниот измет со цел да го подобри својот имунолошки и дигестивен систем. И нашите домашни миленици го прават тоа, само малку различно. Во тој случај мајката на кучето и мачињата ги јаде фекалиите од своите млади за до сокрие нивниот мирис.

2. Оружје

Луѓето користат разни работи за да го победат ривалот. Една од нив е изметот, и тоа и човечки и животински. Изметот се користел како оружје и во минатото и денес. Така Херодот пишува како Скитите мешале човечки измет и крв, како и распаднати тела од неколку змии, при што со таквата смеса ги мачкале врвовите од стрелите.

Во 2009 година рускиот пронаоѓач Александар Георгиевич Патентирал систем на оружје со кој им овозможил на војниците кои возат тенкови, да преку него го исфрлаат својот измет помешан со експлозив на непријателот. Така покрај материјална, би нанеле и морална штета.

1. Опсесијата на НАСА

Една од идеите на НАСА е изметот од астронаутите да се собере и да се искористи како гориво при патувањето назад на Земјата. Тоа би заштедило многу пари и ќе ја намали големината на ракетите.

 

Поддржете ја нашата работа: