Детектиран галактички мост од црна материја

Притоа, откриле мост од црна материја кој се протега од нашата локална група па се кластерот Вирго – огромна маса од околу 2.000 галаксии на околу 50 милиони светлосни години оддалеченост од нас, која на двата краја е врзана со огромни целосно испразнети меурчиња. Овој мост и овие празнини им помагаат на научниците да го разберат 40-годишниот проблем кој се донесува на распределувањето на џуџестите галаксии.

Џуџестите галаксии често се наоѓаат околу поголемите галаксии, како што е нашиот Млечен Пат. Тие се прилично темни и тешко се детектираат и токму затоа досега се забележани само во нашето соседство. Особено фасцинантен аспект од нивното постоење е тоа што во близина на Млечниот Пат и најмалку две од нашите најблиски соседни галаксии – Андромеда и Кентаур А, овие џуџести галаксии не се движат наоколу по случаен избор, туку се збиени на големи рамнини, што се движат по должината на мостот од црна материја. Ова претставува предизвик на сегашните модели за црната материја.

 

Една можност е овие мали галаксии да ја отсликуваат геометријата на структурата на поголеми размери. „За прв пат потврдивме дека џуџестите галаксии се канализираат низ космосот преку големи автопати, по должината на прекрасни мостови од црна материја“, вели Либескинд. „Фактот што овој галактички мост влијае на џуџестите галаксии е импресивен, со оглед на разликата во нивната големина (рамнините на џуџестите галаксии се околу 1% од големината на мостот)“.

Истражувањето е објавено во „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.

Поддржете ја нашата работа: