Дизајниран телефонот на иднината

Во минатото нашите елетронски гаџети не беа многу убави за гледање. Во прв план беше нивната функционалност, но не беше неопходно и да изгледаат убаво. Во денешното, модерно  време, дизајнот во огромна мера  влијае на нашата одлука дали одреден производ ќе го купиме или не.

Кога се работи за паметните телефони, нивниот дизајн низ годините е повеќе или помалку ист и главно тие се со  правоаголна форма. Меѓутоа, дизајнерите Филип Старк и Џером Оливет, решиле заедно да работаат на нов, уникатен концепт на паметен телефон, кој го нарекуваат „АЛО смартфон“.

Alo Smartphone

„Ало има целосно вокализиран интерфејс за сите функции на телефонот, може да ги чита пораките и дури овозможува тие да се диктираат наместо да се пишуваат. Камерата на телефонот се однесува како „око“. Меѓу станатото , тоа му овозможува читење на текстот кој се детектира или да идентификува лица. Исто така, постои можност за проекција на 3Д холограм за преглед на филмови или за прикажување на пораките“објаснува Оливет.

Alo Smartphone

Што се однесува до дизајнот, очигледно е дека „АЛО“ не изгледа како ниеден друг телефон што сме го виделе до сега. Со оглед дека се работи за концепт, веројатно функционален АЛО телефон нема да видиме во скоро време – но како ви се чини, ќе биде ли ова дизајн на иднината?

Alo Smartphone

Поддржете ја нашата работа: